Опсидијан
(Пренасочено од Обсидијан)
Опсидијан (или вулканско стакло) е минерал кој се состои од силициум диоксид (SiO2) скоро 70%, па и повеќе. Неговиот состав е многу сличен на гранитот и базалтот. Главните одлики му се:
- Тврдината по Мосовата скала изнесува околу 6,5 така што употребните траги на површината се создаваат полесно и побрзо отколку кај рожнеците.
- Има изразена мазна, сјајна површина со школкест прелом.
- Се јавува воглавно во сива, сивоцрна и црна боја, иако дисперзниот хематит може да му даде темноцрвена или кафејава боја.
Опсидијан | |
---|---|
Опсидијан од Езерскиот Крај во Орегон (САД) | |
Општо | |
Категорија | вулканско стакло |
Формула | 70–75% SiO2, плус MgO, Fe3O4 |
Распознавање | |
Боја | црна |
Прелом | школкест |
Цврстина на Мосовата скала | ~ 5 - 5,5 |
Сјај | стаклест |
Специфична тежина | ~ 2,5 |
Оптички својства | проѕирен |