Гелор Канга (р. 1 септември 1990, во Ојем) — габонски фудбалер, играч од средниот ред на Црвена ѕвезда и на габонската репрезентација.

Гелор Канга
Лични податоци
Полно име Гелор Канга
Роден на 1 септември 1990(1990-09-01)(33 г.)
Роден во Ојем, Габон
Држава Габон Габон
Висина &100000000000001670000001,67 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда
Број 8
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007-2010 Мангаспорт Мангаспорт 49 (9)
2010-2012 Мисил Мисил 50 (11)
2012-2013 Мунана Мунана 23 (5)
2013-2016 Ростов Ростов 70 (7)
2016-2018 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 39 (9)
2018-2020 Спарта Прага Спарта Прага 69 (28)
2020- Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 43 (8)
Репрезентација
2015- Габон Габон 57 (2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 23 април 2021
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 23 април 2021

Кариера уреди

Канга е роден во Ојем, Габон. Во својата татковина тој играл за екипите на Мангаспорт (2007-2010), Мисил (2010-2012) и Мунана од Либрвил со која во сезоната 2012-2013 го освоил Купот на Габон.

На 9 февруари 2013 година, потпишал три и пол годишен договор со рускиот Ростов, со што ја започнал својата кариера на европскиот континент.[1] Своето деби во Премиер лигата на Русија го направил на 9 март 2013, против екипата на Аланија.[2] Во сезоната 2013-2014, под водството на тренерот Миодраг Божовиќ, Канга со Ростов го освоил Купот на Русија; во финалето против Краснодар кое Ростов го добил по изведување пенали, Канга го започнал натпреварот како стартер но поради повреда излегол уште во 18-тата минута и бил заменет од некогашниот фудбалер на Ливерпул, Флоран Синама Понгол. Канга бил играч на Ростов до летото 2016 година, а вкупно за клубот одиграл 82 натпревари и постигнал 8 голови.

На 1 јули 2016 година, Канга потпишал двегодишен договор со Црвена ѕвезда, во која стигнал на барање на тренерот Божовиќ кој го тренирал и претходно во Ростов.[3]

На 2 февруари 2018 година, Спарта Прага го купила Канга за необјавена сума.[4][5]

На 31 јули 2020 година, Канга се вратил во Црвена ѕвезда, потпишувајќи тригодишен договор со клубот.[6] Во сезоната 2020-2021, со црвено-белите ги освоил првенството и купот на Србија.

Репрезентативна кариера уреди

За репрезентацијата на Габон дебитирал во 2012 година, во пријателски натпревар против Јужна Африка. Од тогаш тој бил редовен репрезентативец на својата земја и настапил за Габон на три изданија на Африканскиот куп на нации во 2015, на домашен терен во 2017 и во 2021 година.

Титули уреди

 
Канга со Ростов во 2015 година

  Мангаспорт уреди

2007-2008

  Мисил уреди

2010-2011

  Мунана уреди

2013

  Ростов уреди

2013-2014

  Спарта Прага уреди

2019-2020

  Црвена ѕвезда уреди

2020-2021
2020-2021

Наводи уреди

  1. Канга стал игроком "Ростова" (ВИДЕО) (руски). FC Rostov. Архивирано од изворникот на 2015-02-09. Посетено на 23 March 2014.
  2. „Game Report“. Russian Premier League. 9 March 2013. Архивирано од изворникот на 17 January 2013.
  3. „Гелор Канга је нови Звездин играч“. crvenazvezdafk.com. 1. 7. 2016. Посетено на 9. 7. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  4. „Guélor Kanga posilou Sparty“ [Kanga reinforce Sparta] (чешки). Sparta Prague. 2 February 2018. Архивирано од изворникот на 5 February 2018. Посетено на 3 February 2018.
  5. „Kanga u Sparti“ (српски). mondo.rs. 31 January 2018. Архивирано од изворникот на 2019-07-31. Посетено на 2022-02-05.
  6. „Канга поново у Звезди“ (српски). Посетено на 31 July 2020.

Надворешни врски уреди