Диомидови Острови

(Пренасочено од Гвоздеви Острови)

Диомидовите Острови (руски: острова Диомида или острова Гвоздева, англиски: Diomede Islands) — целина од два карпести острова:

Диомидови Острови
Малиот Диомид (лево) и Големиот Диомид (десно). Поглед кон југ.
Географија
МестоБерингов Проток
Координати65°47′ СГШ 169°01′ ЗГД
Држава
Демографија
Население0 (Голем Диомид)
170 (Мал Диомид) (2009)

Диомидовите Острови се наоѓаат во средината на Беринговиот Проток помеѓу Алјаска и Сибир. На север е Чукотското, а на југ е Беринговото Море. Островите разговорно се нарекуваат „Денешен Остров“ (Големиот Диомид) и „Вчерашен Остров“ (Малиот Диомид) бидејќи Голем Диомид е 21 час понапред од Малиот Диомид.

Островите се наречени по маченикот Свети Диомид, чија слава паѓа на денот кога данскиот морепловец Витус Беринг во служба на руската морнарица ги забележал пловејќи по морето.[1]

Местоположба

уреди

Помеѓу островите се протега границата на двете земји, како и меѓународната датумска граница. Границата е оддалечена околу 2 км од секој остров и лежи на местоположба 168°58'37" ЗГД. Во најтесниот тел, растојанието меѓу островите изнесува 3,8 км. На западната страна на Малиот Диомид се наоѓа селото Дајомиди (Diomede), кое мештаните го нарекуваат Иналик (Inalik).

Големиот Диомид се смета за најисточна точка на Русија.

Овие острови често се споменуваат како места низ кој би поминувал идејниот мост или тунел преку Беринговиот Проток што треба да ги поврзе Русија и Америка.[2]

Зиме помеѓу островите се протега мост од мраз, што овозможува преминување од САД во Русија (и обратно) одејќи пешки.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Житија: Светиот маченик Диомид - МПЦ (македонски)
  2. „Дали ќе може да се изгради тунел од Русија до САД?“. БиБиСи Вести. 21 октомври 2011. (англиски)

Надворешни врски

уреди