Мал Диомид
Мал Диомид (англиски: Little Diomede Island: Инупијатски: Iŋaliq, порано познат како Крузенштернов Остров[3] — остров во Алјаска, САД. Овој остров е помал од двата Диомидови Острови сместен во централниот дел на Беринговиот Проток помеѓу брегот на Алјаска и Сибир.
Инупијатски: Iŋaliq | |
---|---|
Домородското инупијатско село Диомид/Иналик на островот Мал Диомид. | |
Географија | |
Координати | 65°45′15″N 168°55′15″W / 65.75417° СГШ; 168.92083° ЗГД |
Површина | 2,8 sq ми |
Највисоко место | 494 м |
Држава | |
Демографија | |
Население | 110[1] (2010) |
Густина | 48 /sq mi (18,5 /km2) |
Етнички групи | 96% инупијатски ескими[2] |
Дополнителни податоци | |
Повеќе: Град Диомид |
Соседскиот остров на Мал Диомид, Голем Диомид, е нешто помалку од 3,9 километри на запад, и е дел од Русија како и меѓународната датумска граница. За разлика од соседскиот руски Голем Диомид, Мал Диомид задржал месно население. Според пописот од 2010, Мал Диомид имал популација од 110 жители, 68 помалку од својот рекорд, 178 во 1990.[4] Островот во целост припаѓа на градот Диомид (Инупијатски: Iŋaliq што значи „другиот“ или „она таму“).[5] Островот не е дел од никаква организирана област, па затоа некои од услугите се пружаат непосредно од централната власт. За пописни цели, островот е вклучен во пописната област Ноум.
За време на Студената војна, делот од границата помеѓу САД и Советскиот Сојуз која ги дели Голем и Мал Диомид била позната како „Ледена Завеса“. Сепак во 1987, Лин Кокс испливала од Мал до Голем Диомид (растојание од 3,5 километри) и ѝ било честитано од двајцата водачи на САД и СССР, Роналд Реган и Михаил Горбачов.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Local Economic Development Plan for Diomede 2012-2017, citing 2010 U.S. census (and this was a decline since the 2000 census
- ↑ Local Economic Development Plan for Diomede 2012-2017, citing 2010 U.S. census
- ↑ „The American Local History Network“. Архивирано од изворникот на 2012-04-24. Посетено на 2016-12-16.
- ↑ Local Economic Development Plan for Diomede 2012-2017, citing 1990 U.S. census
- ↑ Local Economic Development Plan for Diomede 2012-2017