Гајтхајн
Гајтхајн (германски: Geithain) — град во округот Лајпциг, во сојузната покраина Саксонија, Германија.
Гајтхајн | |
Градското собрание на Гајтхајн | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Лајпциг |
Општ. заед. | Гајтхајн |
Градски единици | 6 |
Градоначалник | Хајнц Херцог |
Основни податоци | |
Површина | 30,18 км2 |
Надм. височина | 225 м |
Население | 6.797 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 225 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | L |
Пошт. бр. | 04643 |
Повик. бр. | 034341 |
Портал | www.geithain.de |
Местоположба на градот Гајтхајн во рамките на округот Лајпциг | |
Координати | 51°3′N 12°41′E / 51.050° СГШ; 12.683° ИГД |
Географија
уредиГајтхајн се наоѓа 30 километри северозападно од Кемниц и 40 километри југоисточно од Лајпциг. Се наоѓа во ридската област Викерсхајн и реката Ојла.
Историја
уредиПрвото документирано спомнување на градот било во годината 1186 во документ, кој ги опишува донациите на заработките од црквата Викерсхајн до бискупот од Мерзебург од војводата Дедо фон Рохлиц.
Името на градот го има неговото потекло во старолужичкиот збор „Китан“ и го опишува местото Китан, каде „Chyt“ (Кит) — првото лужичко име.
Во 1209 имало друго документирано спомнување на Гајтхајн и веќе била основана црквата Свети Никола. Во оваа година основањето на болница и капела (на Свети Јован) било наредено од Конрад Втори Гројч (1190-1210), грофот на Лужица. Исто така, иако Гајтхајн е опишан како град во овој документ, делот со првиот градоначалник е првпат опишано во годината 1335. Од 1346 цистерни и дрвени водени канали биле изградени во Гајтхајн, кои биле користено до 1904.
Гајтхајн бил администриран во средниот век од фогт, кој имал седиште во Фрајхоф, првпат споменат во 1349. Прав-кулата во Гајтхајн, денес една од знаменитостите на градот, била дел од Фрајхоф и биле вметната во градските бедеми.
Во Втората светска војна имало 219 мртви. На 13 април 1945, 13 луѓе биле убиени во еден воздушен напад на градот. Целта на авионот била железничката станица. На 14 април, Втората светска војна завршила во Гајтхајн со пристигнувањето на американските војници.
Наводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
Надворешни врски
уреди- Гајтхајн на Ризницата ?
- Официјална страница
Оваа место во Лајпциг статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |