Вистан Хју Оден
Вистан Хју Оден (анг. Wystan Hugh Auden, W.H. Auden; 21 февруари 1907 - 29 септември 1973)) — англо-американски поет, за многумина еден од најголемите во текот на XX век.[1] Неговото творештво е значајно по стилистичките и технички достигнувања, по обработката на моралните и политички прашања, како и по разноликоста на тонот, формата и содржината.[2][3] Централни теми во неговата поезија се искрената љубов, политиката и државјанството, религијата и моралот, како и односот меѓу човечките суштества и анонимниот, далечен свет на природата. Кон крајот на животот ја добил престижната поетска награда „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.
Вистан Хју Оден | |
---|---|
Оден во 1939 г. | |
Роден/а | 21 февруари 1907 Јорк, Англија |
Починат/а | 29 септември 1973 Виена, Австрија |
Занимање | поет, есеист |
Оден израснува во Бирмингем во добростоечко семејство од средната класа и чита англиска литература на Оксфорд. Неговите први песни, од крајот на 1920-тите и 1930-тите, наизменично се под влијание на мрачните модерни стилови и јасните традиционални и се пишувани со жесток и драматичен тон. Три драми напишани во соработка со Кристофер Ишервуд во 1935-38 ја воспоставуваат неговата репутација на левоориентиран социјален поет и пророк. Во доцниот период од 1930-тите сакајќи да ја одбегне оваа репутација, тој заминува за САД. Неговата поезија од 1940-тите истражува религиозни и етички теми на понеемотивен начин во однос на првите дела, но сѐ уште комбинира нови форми измислени од самиот Оден со традиционалните форми и стилови. Во 1950-тите и 1960-тите многу од неговите поеми се фокусираат на начинот на кој зборовите ги откриваат и кријат чувствата и развива особен интерес во пишувањето на оперски либрета, форма која идеално му одговара за да искаже моќни чувства.[4]
Од околу 1927 до 1939 година Оден и Ишервуд одржувале трајно но спорадично сексуално пријателство.[5] Во 1939 година Оден се вљуби во Честер Калман и ја сметал нивната врска како брак; ова заврши во 1941 година, но тие го одржале нивното пријателство и од 1947 до смртта на Оден тие живееле во иста куќа или стан во не-полов однос, често соработувајќи на оперски либрета.
Оден е исто така и плоден писател на прозни есеи и рецензии на литературни, политички, психолошки и религиозни теми, поради што неколкупати работи на документарни филмови, поетски драми и многу други уметнички облици. Во текот на неговиот живот Оден се здобива со приматите контроверзен и влијателен. По неговата смрт, неколку негови песни, особено "Погребен Блуз" ("Запрете ги сите часовници") и "1 септември 1939", стануваат особено популарни преку нивното често користење во филмови, преноси и низа популарни медиуми.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Смит, Стен (2004). Придружник од Кембриџ за В.Х. Оден. Cambridge: Cambridge University Press.
- ↑ Академија на Американски поети. „В. Х. Оден“.
- ↑ Бродски, Јосиф (1986). Помалку од еден: избрани есеи. Њујорк: Farrar, Straus and Giroux. стр. с. 357.
- ↑ Фулер, Џон (1998). В. Х. Оден: коментар. Лондон: Faber and Faber.
- ↑ Davenport-Hines, Richard (1995). Auden. London: Heinemann. ISBN 0-434-17507-2.
Надворешни врски
уредиПогледнете ја списокот на надворешни врски на мрежната страница на W. H. Auden Society.