Виентијан

(Пренасочено од Вјангчан)

Виентијан (лаоски ວຽງຈັນ Viangchan) или Вјангчан е главен град на Лаос. Тој се наоѓа во Меконгската долина. Според некои проценки, градот има 200.000 жители (2005), а се верува дека бројот на жители кои живеат во Виентианската Област е над 730.000. Виентиан е сместен 17° 58' северно и 102° 36' источно (17.9667, 102.6). Виентиан се наоѓа на реката Меконг, на границата со Тајланд.

Виентијан
ວຽງຈັນ
главен град
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Лаос" does not exist
Координати: 17°58′00″N 102°36′00″E / 17.96667° СГШ; 102.60000° ИГД / 17.96667; 102.60000
ДржаваЛаос
Населен9 век[1]
Управа
 • ГрадоначалникСомбат Јиалихе
Надм. вис.&10000000000000174000000174 м
Население (7/2009 проц.)
 • Вкупно754,000

Потекло на поимот

уреди

Името на градот е од палиско будистичко потекло. Оригиналното значење на името било „кралски сандалов ползавец“ или „град на сандаловото дрво“. Ова дрво било доста ценето во Индија. Денешното значење на името во Лаос е нецелосно јасно и често се толкува како „градот на месечината“. Оваа нејаснотија е поради фактот што на санскритски за зборовите месечина (chandra (चन्द) и сандалово дрво (chandana (चन्दन) се пишува и изговара исто. Сепак на тајландски (เวียงจันทน์) името е сè уште оригинално запишувано, односно „градот на сандаловото дрво“. Транскрибираната верзија, односно во овој случај македонскиот изговор на името, е од францускиот јазик и ерата на француската колонизација на Индокина. Градот на лаоски јазик е Вјангчан (ວຽງຈັນ, Viangchan), но Французите имале потешкотии да го изговорат името и го изговарале на изменет начин, односно ја изговарале таа форма која и во македонскиот јазик е примена - „Виентијан“.

Административна поделба

уреди

Виентијан се наоѓа во префектурата Виентијан каде е и главен центар. Префектурата се отцепила од покраината Виентијан во 1989 година. Градот Виентијан е составен од следните окрузи:

Збратимени градови

уреди

Наводи

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди