Колонијата Роанок на островот Роанок, во денешна Северна Каролина била целосно финансирана и организирана од Сер Волтер Рели, кон крајот на 16 век. Целта било да се основа постојана англиска наслеба во рамките на колонијата Вирџинија. Меѓу 1585 и 1587 година, неколку групи на доселеници се обиделе да основаат колонија, но исчезнале. Последната група колонисти исчезнала после три години, а мистеријата на „Изгубената колонија“ до денес не е разрешена. Едно од можните објаснувања е дека се асимилирани меѓу локалните Индијанци.

Карта на Роанок, изработена од колонистот Џон Вајт].

Во 1587 година, Волтер Рали испратил експедиција на Роанок која вклучувала: 91 маж, 17 жени (2 од нив бремени) и 9 деца. Набрзо по пристигнувањето, една од жените родила ќерка, Вирџинија Дејр, која се смета за прво дете од англиски родители родено во Америка. Командантот на експедиција, Џон Вајт, се вратил во Англија по уште доселеници, но поради војната со Шпанија, не можел да се врати во Роанок цели три години. Кога во 1590 година стигнал во Роанок, го нашол островот сосема опустен, без никакви знаци за судбината на доселениците што ги оставил таму. Исклучок бил таинствениот натпис „Croatoan“, изрезбан на столб.[1] Никогаш не било најдено решение на мистеријата за „изгубената колонија“.

Наводи

уреди
  1. Ален Бринкли, Историја на САД, Скопје, Штрк, 1999, стр. 29. ISBN 9989-662-22-3