Вихрен

највисок врв на Пирин

Вихрен — највисокиот врв на Пирин во Пиринска Македонија, денес во Бугарија. Со своите 2.914 м е втор по височина во денешна Бугарија по Мусала на Рила и трет на Балканскиот Полуостров по Олимп во Егејска Македонија и Грција.

Вихрен
Поглед на Вихрен од север
Највисока точка
Надм. вис.2914 м [1]
Истакнатост1783 м [1]
Географија
Вихрен на карта

Карта

МестоПиринска Македонија
(денес Благоевградска област, Бугарија
Матичен венецПирин

Местоположба

уреди

Врвот се наоѓа во северниот дел на масивот Пирин, на главното било меѓу врвот Кутело (на северозапад) и Овинати Врв (на југоисток). Со овие два врва го поврзуваат седлата Премката (2610 м) на север и Кабата (2535 м) на југ.

Сè до 1942 г. врвот се нарекувал Елтепе („врв на бурите“). Денес тоа име го носи мало засолниште во подножјето на врвот, поставено за проучување на малиот ледник кој се наоѓа таму.

Географија

уреди

Гледан од Банско, Вихрен личи на пресечена пирамида, а од југ потсетува на четиристрана пирамида. Карактеристично за врвот е тоа што изгледа многу поразлично, зависно од која страна се гледа. Карпите кои го образуваат Вихрен се мермерни и не задржуваат вода, па затоа целото околно подрачје нема реки и езера. Најблиски езера се Влахините на југозапад. Растителноста по падините на Вихрен е оскудна — преовладуваат тревите и лишаите. Животинскиот свет е побогат — застапени се птиците и ситните глодачи, но највеќе дивокозите, кои живеат во месноста Казаните во подножјето на врвот. По околниот раб на карпите Џамџиеви Скали изобилува цвеќето рунолист.

Клима

уреди

Вихрен има просечни годишни врнежи од 1.150 мм, а снежната покривка достигнува 3 м. Температурата се движи од 25° и -21°С во зима до 15° и 23°С во лето.

 
Поглед на Вихрен

Поврзано

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 "Europe Ultra-Prominences" Listed here as "Vikhren". Peaklist.org. посет. 20 февруари 2012 г.

Надворешни врски

уреди