Владимир Табашевиќ


Владимир Бошњак Табашевиќ (српски: Vladimir Bošnjak-Tabašević; 1986, Мостар) - српски писател.

Владимир Табашевиќ
Vladimir-Tabasevic.jpg
Роден 19 септември 1986 (1986-09-19) (34 г.)
Мостар,  Социјалистичка Федеративна Република Југославија СФР Југославија
Занимање писател

ЖивотописУреди

Владимир Табашевиќ е роден во Мостар, во 1986 година. Во Белград студирал философија. Тој е основач и еден од уредниците на интерактивниот интернет-портал „Презупч“ кој се бави со класните односи во општеството. Табашевиќ живее во Белград.[1]

ТворештвоУреди

Табашевиќ пишува поезија и проза. Ги објавил следниве поетски збирк: „Коагулум“ (2010), „Трагус“ (2011), „Кундак“ (2012) и „Хрватски кундак“ (2014). Во 2015 година, самостојно го објавил својот прв романТивко тече Мисисипи“ (издание на „Студио Знак“), а една година подоцна се појавил и неговиот втор роман „Па како“ (издание на „Лагуна“). Исто така, во 2016 година, „Лагуна“ повторно го објавила романот „Тивко тече Мисисипи“. За овој роман, Табашевиќ ја добил регионалната наградата „Мирко Ковач“ за најдобра книга на млад автор. Во 2018 година го објавил романот „Заблудата на свети Себастијан“ (издание на „Лагуна“) и ја освоил НИН-овата награда за роман на годината.[1]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Vladimir Tabašević, Zabluda svetog Sebastijana. Beograd: Laguna, 2019, стр. 195.