Владимир Бороевиќ

македонски дизајнер, карикатурист и сликар

Владимир Бороевиќ (4 декември 1947 во Скопје) — македонски дизајнер, карикатурист и сликар.[1]

Владимир Бороевиќ
Роден Владимир Бороевиќ
4 декември 1947(1947-12-04)(77 г.)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Занимање дизајнер, каракатурист, сликар

Животопис

уреди

Дипломирал на Вишата педагошка академија во Скопје во 1972 година.[1]

Во текот на кариерата, Бороевиќ бил графички уредник во списанието „Остен“, сценограф во Вардар филм во Скопје и раководител на Студиото за дизајн и пропаганда во Јака 80 во Радовиш.[1]

Самостојно излагал слики во Скопје, Валево, Нови Сад и Битола.[1]

Учествувал на меѓународни фестивали за карикатура на кои добил повеќе значајни награди: Гран при во Скопје во 1973 година и Гран при во Истанбул во 1977 и во 1990 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Борис“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 196. Text "series " ignored (help)