Остен (списание)
Остен е хумористично и сатирично списание од областа на уметноста, слободната мисла и слободното творештво основано во 1945 година. Преку Светската галерија на карикатури и Светската галерија на цртеж Остен ги презентира уметниците од светот. Сите генерации креативни луѓе од неговото основање и од основањето на Светската галерија на карикатури во 1969, придонеле за неговото градење на реноме. Со оглед на тоа што карикатуристите се во основа цртачи, а карикатурите (без оглед на карикатурата во која се изработени) се во основа цртежи, на Светска галерија на карикатури, природно се надоврза Светската галерија на цртежи ,како содржина во рамките на Остен - уметност на хартија.
Историјат
уреди1945 – На почетокот, „Остен“ беше прилог за сатира во билтенот на Првата македонска народна ослободителна ударна бригада под името „Сред поле ѕунѕуле“. Пионерите на „Остен“ во овој период беа: Лазар Мојсов, Блаже Конески, Владо Малески, Киро Хаџивасилев и други. Првиот број излезе на 1 јануари 1945, а името „Остен“ го дал Блаже Конески.
1951 – Оформувањето на „Остен“ Од 1951 до 1966 „Остен“ се развива како весник, се јавуваат рубруки за хумор, сатира и карикатура во дневните весници, но започнува да се појавува и на нов медиум – на Радио Скопје. Во тој период поддршка на весникот дава Здружението на новинарите на Македонија, а главен уредник во тој период е Владо Малески, при што на оформување на весникот, волонтерски учествувале плејада на општествени и културни работници, меѓу кои: Славко Јаневски, Панде Јаревски, Василие Поповиќ–Цицо, Цветан Станоевски, Дарко Марковиќ, Миле Попоски, Ацо Шопов и други. Во својот развој до 1968 весникот оформува своја професионална редакција и нејзин прв главен уредник е Дарко Марковиќ.
1991 – Трансформациите на „Остен“ Формата, обемот, содржината и периодиката на излегувањето на “Остен” беше променлива. Тој излегуваше како месечник од 100 страници, но почесто излегуваше како двонеделник на 1. и 15. во месецот. На 1. мај 1990 година “Остен” стана неделник со динамика на појавување четири пати месечно.
2004 - Списанието „Остен“ после трансформирањето на брендот Остен во приватна компанија, чиј сопственик е Мице Јанкуловски, сè уште упорно се бори за обезбедување на својата одржливост. Се направија обиди за негово континуирано присуство на македонската сцена како ‘весник за одвиткување’ во 2009/2010, а во моментов се прави концепт за негово повторно појавување како подлисток на дневникот Нова Македонија – редакцијата од каде што произлезе.
Карикатуристите кои со упорност и посветеност го создаваат списанието уште од првиот број во 1945 г. (во последните години Дарко Марковиќ, Миро Георгиевски, Драган Попоски, Васил Толевски и др.) – со право го дефинираа „Остен“ списание за хумор и сатира кое ‘излегува кога ќе му текне!’[1]
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Архива на „Остен“, Библиотека Браќа Миладиновци - Скопје