Владеење на теророт
Владеењето на теророт, или само Теророт (француски: la Terreur) — бил период од Француската револуција од почетокот на јуни 1793 година до крајот на јули 1794 година, кога имало серија масакри и многу јавни погубувања од страна на Комитетот за јавен спас.
Дел од Француската револуција | |
девет емигранти се погубени со гилотина, 1793 | |
Датум | 1793–1794 |
---|---|
Место | Прва Француска Република |
Приредил | Комитет за јавен спас |
Поради ширењето на граѓанската војна од Вандеја и сè поголемите непријателски војски кои ја опкружувале Франција од сите страни, со декрет од 5 септември револуционерната влада одлучила да го воспостави „Теророт како секојдневица“ и да преземе остри мерки против оние за кои се сомнева дека се непријатели на револуцијата. Освен погубувањето на политичките непријатели, Теророт имал и своја економска страна олицетворена во Максимумот, мерка за контрола на цената на основните намирници и религиозна страна преку програмата за дехристијанизација што ја спроведувале следбениците на Жак Ебер. Со Законот од 22 праирал година II (10 јуни 1794 година) на осомничените им се одзело правото на јавно судење и правна помош и поротата можела да бира само помеѓу слобода или смрт. По донесувањето на овој закон следел перодот на „Големиот терор“ (француски: la Grande Terreur ), во кој биле погубени околу 1.400 лица, и придонел за падот на Робеспјер на 27 јули (9 Термидор).[1]
Денес меѓу историчарите има консензус дека револуционерните мерки продолжиле и по смртта на Робеспјер, а овој период се нарекува „Бел терор“.[2] За време на теророт официјално биле изречени 16.594 смртни казни низ цела Франција, 2.639 од нив биле во Париз;[3] а уште 10.000 луѓе умреле во затвор или без судење.[1]
Причини и состојби
уредиИмало три главни причини за теророт на Јакобинците. Првата причина била моќта на противниците на Револуцијата, а друга важна причина бил недостатокот на парламентарна традиција во Франција и искуство во управувањето со политичките партии и мнозинското гласање, и прифаќањето на легитимноста на ставовите на политичкиот противник. Французите речиси преку ноќ преминале од апсолутна монархија во политички систем во кој волјата на народот ја заменува онаа на кралот. Во вакви услови, сите политички противници можеле да бидат осудени како заговорници против народниот суверенитет. Третата причина била војната со странските сили која започнала во април 1792 година. За потребите на војната, и за борбата против контрареволуционерните француски благородници било потребно воспоставување на воена економија и регрутирање војници. Во пролетта 1793 година, Франција повторно била под закана од инвазија, а во март 1793 избувнала граѓанската војна во Вандеја, делумно мотивирана против регрутирањето на војници. На почетокот на јуни 1793 година, Жирондинците, најголемата партија во Конвентот, биле посочени како најодговорни за неадекватниот одговор на војната која што самите ја поттикнале, и биле соборени со државен удар кој на власт ја довел порадикалната група - Јакобинците. Но, во текот на летото, ситуацијата се влошила. Граѓанската војна ескалирала; избувнале бунтови во 49 од 83 департмани.[4]
Јакобинците имаале две цели: да победат во војната и да ја задушат граѓанската војна; и да ја воспостави Револуционерната идеологија во цела Франција. За остварување на овие цели тие прибегнале кон употреба на теророт. Теророт делумно беше последица на нивната слабост. Јакобинците имале несигурен легитимитет и за да го наметнат својот авторитет се потпирале на Теророт, и на поприлично непредвидливата поддршка од санкилотите.[4]
Во септември 1793 година, Франција и градот Париз биле на работ на хаос. Политичката ситуација веќе долго време била нестабилна. Низ целата земја имало бунтови. На 5 септември маса граѓани пристигнале во Конвентот и побарале да се преземе нешто. Како одговор, Максимилијан Робеспјер и Бертранд Баер, член на Комитетот за јавен спас, одржале неколку инспиративни говори во Националниот конвент. Робеспјер, Баер и други, во своите обраќања го истакнале планот со кој нивната влада ќе ги спаси идеалите на Револуцијата од оние што тие ги гледаат како внатрешни непријатели кои се обидуваат да ја поткопаат. Планот бил политичка чистка преку „терор како секојдневица“. По ова обраќање бил донесен Законот за осомничени, со кој владата се овластува да преземе мерки против сите сомнителни активности против револуцијата. Емигрантите, или благородниците кои побегнале од Франција на почетокот од револуцијата, биле први на мета.[5]
Она што Робеспјер го нарекува „терор“ е стравот дека селективната правда ќе создаде непријатели на Републиката. Тој се спротивставува на идејата за теророт како секојдневица, а наместо тоа се залагал за „правда“ како секојдневица.[6]
Главни настани за време на теророт
уредиНа 10 март 1793 година, Националниот конвент го формирал Револуционерниот трибунал. Околу половина од обвинетите од страна на трибуналот биле ослободени (но бројот се намалил на околу една четвртина по донесувањето на Законот од 22 праириал на 10 јуни 1794 година). Во март, во Вандеја избувнал бунт поради масовното регрутирање, кој прераснал во граѓанска војна. Незадоволството во Вандеја траело - според некои извештаи - сè до воведување на теророт.
На 6 април 1793 година, Националниот конвент го основал Комитетот за јавен спас, кој постепено де факто станал воена влада на Франција.[7] Комитетот го надгледувал владеењето на теророт. „За време на владеењето на теророт, биле уапсени најмалку 300.000 осомничени; 17.000 биле официјално погубени, а околу 10.000 умреле во затвор или без судење.
На 2 јуни 1793 година париските санкилоти го опколија Националниот конвент, и побарале административни и политички чистки, фиксна ниска цена за лебот и ограничување на бирачкото право само на санкилотите. Со поддршка на националната гарда, го убедиле Конвентот да уапси 29 водачи на жирондистите.[8] Како реакција на затворањето на пратениците од Жиронда, тринаесет покраини кренале федералистички бунт против Националниот конвент во Париз, кои на крајот бил задушен.
На 24 јуни 1793 година, Конвентот го усвоил првиот републикански устав на Франција, францускиот устав од 1793 година. Тој бил ратификуван со јавен референдум, но никогаш не стапил на сила.
На 13 јули 1793 година, по атентатот на Жан Пол Марат (јакобински водач и новинар) уште повеќе се зголемило јакобинското политичко влијание. Жорж Дантон, водачот на востанието во август 1792 година против кралот, бил отстранет од Комитетот за јавен спас на 10 јули 1793 година. На 27 јули 1793 година Робеспјер станал член на Комитетот за јавен спас.
На 23 август 1793 година, Националниот конвент донел декрет за масовна регрутација:[9]Предлошка:Verse translation На 5 септември, Конвентот изгласал декрет дека „теророт е секојдневица“.[10] Ова ѝ овозможило на владата да формира „револуционерни армии“ кои требало да ги принудат француските граѓани да го почитуваат Максимилијановиот закон. Овие армии биле користени и за спроведување на „Законот за максимум“, преку кој се контролирала дистрибуцијата и цената на храната. Обраќајќи се на Конвентот, Робеспјер рекол дека „проценката и волјата“ на луѓето лојални на републиката ќе се користат за угнетување на оние кои сакаат „политичките собири да ги претворат во гладијаторски арени“.[10] Со Новата политика, Франција изнашла решение за зголемување на својот воен потенцијал, користен за одбрана од идните воени сојузи (коалиции) формирани од непријателските нации. По овој настан, Робеспјер станал претседател на Комитетот за јавен спас, чиј член бил од јули 1793.
На 9 септември, конвентот формирал паравоени сили, „револуционерни армии“, за да ги принудат земјоделците да го предаваат житото на начин на кој налагала владата. На 17 септември бил донесен Законот за осомничени, со кој се одобрува затворање на нејасно дефинирани „осомничени“. Овој закон ги наполнал затворите. На 29 септември, Конвентот, освен на житото и лебот ги замрзнал цените и на другите основни намирници, а ги замрзнал и платите.
На 10 октомври Конвентот објавил проглас дека „привремената влада ќе биде револуционерна до воспоставување на мир“. На 16 октомври била погубена Марија Антоанета. На 24 октомври бил донесен францускиот републикански календар. Истиот ден започнало судењето на Жирондинците; а биле погубени на 31 октомври.
Во текот на 1793 година растела омразата кон свештенството а својата кулминација ја достигнала за време на кампања на дехристијанизација. На 10 ноември (20ти брумер година II од францускиот републикански календар), Ебертистите организирале Фестивал на разумот.
На 14 фример (5 декември 1793 година) Националниот конвент го усвоил Фримерскиот закон, со кој на централната власт ѝ се дава поголема контрола врз активностите на претставниците на мисија.
На 16 плувиос (4 февруари 1794 година), Националниот конвент донел декрет со кој се укинува ропството во цела Франција и во француските колонии.
На 8 и 13 вентоз (26 февруари и 3 март 1794, Сен- Жист предложил закони за конфискација на имот на прогонетите и на противниците на револуцијата.
Кон крајот на 1793 година, се појавиле две главни фракции кои ѝ се заканувале на Револуционерната влада: Ебертовците, кои барале засилување на теророт и се заканувале со востание, и Дантонистите, предводени од Жорж Дантон, кои барале умереност и помилување. Комитетот за јавен спас презел дејствија против нив. Главните ебертовци биле осудени од Револуционерниот трибунал и погубени на 24 март. Дантонистите биле уапсени на 30 март, судени од 3 до 5 април и погубени на 5 април.
На 20 праириал (8 јуни 1794) низ целата земја се одржувал Фестивалот на Врховното Битие како дел од култот кон врховното битие, деистичка национална религија. На 22 праириал (10 јуни), Националниот конвент донел закон предложен од Жорж Кутон, кој го поедноставил судскиот процес и значително ја забрзал работата на Револуционерниот трибунал. По донесувањето на законот, значително се зголемил бројот на погубувања, а периодот од носењето на овој закон до Термидорската реакција станал познат како „Големиот терор“ (француски: la Grande Terreur).
Термидорска реакција
уредиНа 8 термидор, во говор пред Националниот конвент, Робеспјер зборувал за постоењето на внатрешни непријатели, заговорници и клеветници во рамките на Конвентот и управните комитети. Тој одбил да ги именува, по што пратениците се исплашиле дека Робеспјер подготвува нова чистка во Конвентот.
Следниот ден, Жан-Ламбер Талиен, еден од заговорниците кои Робеспјер ги имал на ум при неговиот говор, користејќи ја исплашеноста на Конвентот успеал да ги сврти пратениците против Робеспјер и да донесе декрет за негово апсење.
По апсењето Робеспјер се обидел да се самоубие но раната од куршумот само му ја скршила вилицата. Според други извори, бил можеби застрелан од жандармот Мерда. Во секој случај, следниот ден Робеспјер бил погубен на гилотина, заедно со Сен Жист, Кутон и неговиот брат Августин Робеспјер.[11]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Reign of Terror | History, Significance, & Facts | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Посетено на 2022-03-31.
- ↑ Michel Biard et Hervé Leuwers, " Visages de la Terreur ", dans Michel Biard et Hervé Leuwers (dir.), Visages de la Terreur. L'exception politique de l'an II, Paris, Armand Colin, 2014, p. 5-14.
- ↑ Linton, Marisa (August 2006). „Robespierre and the terror: Marisa Linton reviews the life and career of one of the most vilified men in history“. History Today. 8 (56): 23. Посетено на 28 April 2017.
- ↑ 4,0 4,1 Linton, Marisa. „The Terror in the French Revolution“ (PDF). Kingston University. Архивирано од изворникот (PDF) на 17 January 2012. Посетено на 2 December 2011.
- ↑ „Make Terror the Order of the Day“. Bill of Rights Institute (англиски). Посетено на 2022-03-30.
- ↑ Hervé Leuwers, Robespierre, Paris, Fayard, 2014
- ↑ Mantel, Hilary (6 August 2009). „He Roared“. London Review of Books. 3 (15): 3–6. Посетено на 16 January 2010.
- ↑ Jones, Peter. 2003. The French Revolution 1787–1804. Pearson Education. p. 57.
- ↑ Forrest, Alan. 2004. "L’armée de l’an II : la levée en masse et la création d’un mythe républicain." Annales historiques de la Révolution française 335:111–30. doi:10.4000/ahrf.1385.
- ↑ 10,0 10,1 "Terror Is the Order of the Day", 1793-09-05, Посетено на 2021-12-09
- ↑ Merriman, John (2004). "Thermidor" (2nd ed.). A history of modern Europe: from the Renaissance to the present, p 507. W.W. Norton & Company Ltd. ISBN 0-393-92495-5
Цитирани дела
уредиДополнително читање
уреди- Cléry, Jean-Baptiste; Henry Essex Edgeworth (1961) [1798]. Sidney Scott (уред.). Journal of the Terror. Cambridge: Cambridge University Press. OCLC 3153946.
- Andress, David (2006). The Terror: The Merciless War for Freedom in Revolutionary France. New York: Farrar, Straus and Giroux. ISBN 978-0-374-27341-5.
- Andress, David; Popkin, Jeremy (2015). Revolution and Changing Identities in France, 1789-99. Oxford University Press.
- Baker, Keith M. François Furet, and Colin Lucas, eds. (1987) The French Revolution and the Creation of Modern Political Culture, vol. 4, The Terror (London: Pergamon Press, 1987)
- Beik, William (August 2005). „The Absolutism of Louis XIV as Social Collaboration: Review Article“. Past and Present. 188: 195–224. doi:10.1093/pastj/gti019.
- Censer, Jack, and Lynn Hunt (2001). Liberty, Equality, Fraternity: Exploring the French Revolution. University Park, PA: Pennsylvania State University Press.
- Hunt, Lynn (1984). Politics, Culture, and Class in the French Revolution. Berkeley: University of California Press.
- Gough, Hugh. The terror in the French revolution (London: Macmillan, 1998)
- Hibbert, Christopher (1981). The Days of the French Revolution. New York: Quill-William Morrow. ISBN 978-0-688-16978-7.
- Kerr, Wilfred Brenton (1985). Reign of Terror, 1793–1794. London: Porcupine Press. ISBN 978-0-87991-631-2.
- Kennedy, Emmet. A Cultural History of the French Revolution. New Haven: Yale University Press, 1991.
- Linton, Marisa (August 2006). „Robespierre and the terror: Marisa Linton reviews the life and career of one of the most vilified men in history, (Maximilien Robespierre)(Biography)“. History Today. 8 (56): 23.
- Linton, Marisa, Choosing Terror: Virtue, Friendship and Authenticity in the French Revolution (Oxford University Press, 2013).
- Loomis, Stanley (1964). Paris in the Terror. New York: Dorset Press. ISBN 978-0-88029-401-0.
- McLetchie, Scott. "Maximilien Robespierre, Master of the Terror." Maximilien Robespierre, Master of the Terror. Accessed 23 October 2018. http://people.loyno.edu/~history/journal/1983-4/mcletchie.htm#22 Архивирано на 5 декември 2017 г..
- Moore, Lucy (2006). Liberty: The Lives and Times of Six Women in Revolutionary France. London: HarperCollins. ISBN 978-0-00-720601-8.
- Palmer, R. R. (2005). Twelve Who Ruled: The Year of the Terror in the French Revolution. Princeton, New Jersey: Princeton University Press. ISBN 978-0-691-12187-1.
- Reinberg, M; Chaouat, Bruno; Brewer, Daniel; Brewer, Maria; Schlte-Sasse, Jochen (2010). Modernity and Ethics: The Ghost of Terror in the French Thought.
- Schama, Simon (1989). Citizens: A Chronicle of the French Revolution. New York: Alfred A. Knopf. стр. 678–847. ISBN 978-0-394-55948-3.
- Scott, Otto (1974). Robespierre, The Fool as Revolutionary – Inside the French Revolution. Windsor, New York: The Reformer Library. ISBN 978-1-887690-05-8.
- Shadow (9 February 1870). „The "Reign of Terror"“. The New York Times.
- Shulim, Joseph I. "Robespierre and the French Revolution," American Historical Review (1977) 82#1 pp. 20–38 in JSTOR
- Soboul, Albert. "Robespierre and the Popular Movement of 1793–4", Past and Present, No. 5. (May 1954), pp. 54–70. in JSTOR
- Steel, Mark (2003). Vive La Revolution. London: Scribner. ISBN 978-0-7432-0806-2.
- Reviewed by Adam Thorpe in The Guardian, 23 December 2006.
- Sutherland, D.M.G. (2003) The French Revolution and Empire: The Quest for a Civic Order pp 174–253
- Thoral, Marie-Cecile. From Valmy to Waterloo France at War, 1792–1815. Palgrave Macmillan, 2011. https://link.springer.com/book/10.1057%2F9780230294981
- Wahnich, Sophie (2016). In Defence of the Terror: Liberty or Death in the French Revolution (Reprint. изд.). Verso. ISBN 978-1784782023.
- Reviewed by Ruth Scurr in The Guardian, 17 August 2012
- Weber, Caroline. (2003) Terror and Its Discontents: Suspect Words in Revolutionary France online Архивирано на 15 август 2020 г.
Историографија
уредиНадворешни врски
уреди- „Теророт“ од Во наше време (ББЦ Радио 4)