Жак Рене Ебер (француски: [ebɛʁ]; 15 ноември 1757 - 24 март 1794) бил француски новинар и основач и уредник на екстремно радикалниот весник Le Père Duchesne за време на Француската револуција.

Жак Ебер
Член на Националниот конвент
На должноста
20 септември 1792 – 23 март 1794
Лични податоци
Роден(а) Жак-Рене Ебер
15 ноември 1757(1757-11-15)
Аленсон, Франција
Починал(а) 24 март 1794(1794-03-24) (возр. 36)
Париз, Франција
Националност Французин
Партија Јакобински Клуб (1789–1792)
Кордељерски Клуб (1792–1794)
Други припадности Монтања (1792–1794)
Сопружник Мари Маргерит Франсоаз Ебер (в. 1792)
Деца Сипион-Вирџинија Ебер (1793–1830)
Родители Жак Ебер (?-1766) и Маргерит Ла Бунеш де Удре (1727–1787)
Живеалиште Paris, France
Занимање Новинар, писател, публицист, политичар
Потпис

Ебер бил еден од водачите на подоцната фаза од Француската револуција и имал илјадници следбеници како Ебертисти (Француски Hébertistes); тој самиот понекогаш се нарекувал Père Duchesne, по неговиот весник.

Револуционерна улога уреди

Жак-Рене Ебер бил водач на санкилотите. Бил уредник на неколку весници, со силно влијание врз припадниците на  Комуната на Париз. Бил водач на ултра-револуционерната фракција, позната како еберисти. Во 1794 година ќе влезе во судир со Робеспјер и ќе биде гилотиниран во 1794 година, заедно со поголем број негови поддржувачи. Робеспјер го обвинил дека го поттикнувал теророт и дека постојано барал да се зголеми бројот на лицата за гилотина, слично на барањето на Лаврентиј Берија за време на чистките во Советскиот Сојуз (1937-1939).

Подоцна, во февруари 1793 година, во постапката за донесување на републиканскиот устав ќе се појави и една друга група, позната под името „Гневни“ (Enragés). „Гневните“ барале високи даноци за богатите, утврдување на фиксни цени за основните прехранбени артикли, подигање на најниската заработувачка на повисоко ниво. По сфаќањата и радикализмот на нивните идеи биле многу блиску до анархистите, до луѓето кои биле против секаква власт. Поистакнати водачи на „гневните“ биле Жак Ру (1752-1794) и Теофил Леклерк, обајцата припадници на крајната левица во Конвентот што ги застапувала интересите на најсиромашните слоеви од градот и селото. Идеологијата на гневните и на санкилотите се потпирала најмногу врз мислата на Жан-Пол Марат и Жорж-Жак Дантон.