Витепска епархија
Витепската епархија (белоруски:Віцебская дыяцэзія, латински:Dioecesis Vitebscensis) — католичка епархија (диоцеза) во Белорусија со центар во градот Витебск. Витепската епархија на вклучена во Минско-Могиљовската архиепископија. Светец-заштитник на епархијата е Свети Јосафат Кунцевич.
Историја
уредиНа 13 октомври 1999 година, папата Јован Павле II ја издал булата "Ad aptius consulendum", основајќи ја Витепската епархија со тоа што таа била одделена од Минско-Могиљовската архиепископија.
Епистолскиот стол до јуни 2011 година бил во Катедралата на Св. Барбара во Витебск. На 18 јуни 2011 епископскиот стол беше свечено префрлен во новоизградената витепска Катедрала на Исус Милостив.[1]
Од своето основање до 23 февруари 2013, на чело на епархијата беше епископот Владислав Блин.
На 29 ноември 2013 година папата Франциск го има назначено Олег Буткевич како нов епископ на Витебск.
Епископи на епархијата
уреди- Епископ Владислав Блин (13.10.1999 — 23 февруари 2013);
- Епископ Олег Буткевич (29 ноември 2013 — денес).
Структура
уредиТаа ја зафаќа територијата на Витепската област, епархијата е суфраган во однос на Минско-Могиљовската архиепископија.
Деканати
уреди
|
|
Статистика
уредиПри крајот на 2014 година католиците биле 12.0 % од вкупното население на територијата на епархијата.
Наводи
уредиИзвори
уреди- Annuario Pontificio, Libreria Editrice Vaticana, Città del Vaticano, 2003, ISBN 88-209-7422-3
- Bulla Аd aptius consulendum(латински)
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- На епархија на мрежната страница на Католичката црква во Белорусија Архивирано на 28 февруари 2014 г.
- Статистика catholic-hierarchy.org(англиски)
- Статистика gcatholic.org(англиски)