Винценбург
Винценбург (германски: Winzenburg) — село и поранешна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1 ноември 2016 година е дел од општината Фреден.
Винценбург | |
Место во Фреден | |
Црквата во Винценбург | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хилдесхајм |
Општина | Фреден |
Основни податоци | |
Површина | 16,64 км2 |
Надм. височина | 178 м |
Население | 688 (31 декември 2015) |
- Густина | 41 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HI |
Пошт. бр. | 31088 |
Повик. бр. | 05184 |
Координати | 51°56′0″N 9°56′0″E / 51.93333° СГШ; 9.93333° ИГД |
Географија
уредиПоранешната општина била составена од четири помали единици, вклучувајќи го и селото Винценбург, кое потекнува од средниот век. Винценбург е сместен во Лајнското Средногорје на север од Бад Гандерсхајм, помеѓу националните паркови Харц и Везерското Средногорје. Општината била создадена на 1 март 1974 година од четири поранешни самостојни општини Винценбург, Шилдхорст, Вестерберг и Клумп. Во близина се наоѓа Фреден.
Винценбург
уредиВинценбург е главно познат по својот истоимен замок од средниот век, денес во урнатини. Во близина се наоѓаат вештачки рибници. Грофот Херман II од Винценбург изградил замок на Шенеберг.[1]
Вестерберг
уредиСелото Вестерберг започнало како населба веднаш до дувач за стакло основан во 1744 година.
Клумп
уредиКлумп започнал како село со мали фарми.
Шилдхорст
уредиСелото е опкружено од шуми, погодно за пешачење лете и скијање во зима. Постои автобуска линија до железничката станица во Фреден.
Наводи
уреди- ↑ Friedhelm Biermann, " Die Adelsherrschaften an Ober- und Mittelweser des 13. und 14. Jahrhunderts: im Kräftespiel zwischen einer neu formierten welfischen Hausmacht und expandierenden geistlichen Territorien" Архивирано на 8 мај 2018 г. (PDF) Westfälischen Wilhelms - Universität zu Münster (Westfalen). (2005). стр. 407. 5 февруари 2011. (германски)
Оваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |