Вилхелм II (Германија)

(Пренасочено од Вилхелм II Германски)

Вилхелм II (германски: Wilhelm II; 27 јануари 18594 јуни 1941) — последниот цар (Kaiser) на Германија и последен крал на Прусија. Владеел од 1888 до 1918 година.

Вилхелм II
Wilhelm II, German Emperor, by Russell & Sons, c1890.jpg
Вилхелм II, цирка 1890
Германски цар; Крал на Прусија
На престол15 јуни 1888 – 9 ноември 1918
ПретходникФридрих III
Роден(а)27 јануари 1859(1859-01-27)
Берлин, Прусија
Починал(а)4 јуни 1941(1941-06-04) (возр. 82)
Дорн, Холандија
СопружникАвгуста Викторија од Шлезвиг-Холштајн
Хермина Рос на Грејц
ДецаВилхелм, Принц на Германија
Принц Еител Фридрих
Принц Алберт
Принц Август Вилхелм
Принц Оскар
Принц Јоаким
Принцеза Викторија Луиз
Полно име
Friedrich Wilhelm Viktor Albrecht
ДинастијаХоенцолерн
ТаткоФридрих III
МајкаПринцезата Викторија
ВероисповедЕвангелистичка Христијанска Црква
ПотписВилхелм II's signature

ЖивотописУреди

Неговото целосно име било Фридрих Вилхелм Виктор Алберт Пруски (германски: Friedrich Wilhelm Viktor Albert von Preußen). Припаѓал на германската кралска династија Хоенцолерн. Неговиот татко бил Фридрих III кој владеел само неколку месеци во 1888 по смртта на својот татко Вилхелм I. Мајка му била Викторија, најстарата ќерка на британската кралица Викторија, па бил близок роднина со руската царица Александра.

Левата рака му била делумно парализирана поради повреда која ја имал при раѓањето.

Водел милитаристичка политика, ја унапредил воената индустријата, морнарицаа и го охрабрил освојувањето на прекуморските територии (германски: Weltpolitik).

Во Првата светска војна бил главно командант на германската војска, во сојузништво со Австроунгарија. Пред крајот на војната се одлучил за капитулација, но абдицирал текот под притисок на 9 ноември 1918. Наредниот ден заминал за Холандија, каде што побарал и добил азил и тука го поминал остатокот од животот.

ПоврзаноУреди