Вилхелм Хауф
Вилхелм Хауф (германски: Wilhelm Hauff, 29 ноември 1802 - 18 ноември 1827) — германски поет и романописец.
Детство и младост
уредиВилхелм Хауф е роден во Штутгарт, како син на Август Фредерик Хауф, секретар во министерството за надворешни работи, и Хедвиг Елзасер. Бил второ од четирите деца. Младиот Хауф го загубил татко си уште на седумгодишна возраст и своето прво рано образование го стекнал во библиотеката на дедото во Тибинген, каде неговата мајка се преселила по смртта на својот маж. Во 1818 година го испратиле во манастирско училиште во Блаубојрен, а во 1820 година почнал да студира на универзитетот во Тибинген. За само четири години ги завршил студиите по филозофија и теологија.
Книжевна дејност (Важни книжевни дела)
уредиОткако го напуштил универзитетот, Хауф станал учител на децата на познатиот воен министер, генералот Ернест Хугел и за нив го напишал делото „Бајка“, дело кое го објавил во 1826 година. Голем дел од приказните и денес се многу популарни во државите од германско говорно подрачје, како на пример Der kleine Muck, Kalif Storch и Die Geschichte von dem Gespensterschiff. Подоцна инспириран од Волтер Скот го напишал историскиот роман за Лихтенштајн, Romantische Sage aus der wuerttembergischen Geschichte (1826), кој станал многу популарен во Германија, бидејќи во него имало многу интересни детали за оваа земја. Подоцна инспириран од делото на Хауф, еден од наследниците на поранешниот лихтенштајнски крал одлучил да го реновира кралскиот дворец според деталите кои биле наведени во веќе споменатото дело. Понатаму Хауф напишал и некои раскази како што се приказната Die Bettlerin vom Pont des Arts и неговото ремек-дело, новелата Phantasien im Bremer Ratskeller. Исто така објавил кратки поеми, кои подоцна преминале во народни песни. Такви биле Morgenrot, Morgenrot, leuchtest mir zum frühen Tod? и teh ich in finstrer Mitternacht.
Брак и смрт
уредиВо јануари 1827 година станал уредник на утринскиот штутгарски весник, а само неколку месеци подоцна се оженил со својата братучетка Луиза Хауф. За жал неговата среќа траела многу кратко, бидејќи на 18 ноември 1827 година починал од грозница.