Вилен
Вилен (француски: Vilaine, бретонски: Gwilen)[1] — река во Бретања, западна Франција. Извира во департманот Мајен и завршува во Атлантскиот Океан кај Пенестен во департманот Морбијан. Долга е 218 км.
Вилен | |
---|---|
Вилен во Рен | |
Сливот на Вилен | |
Изворно име | Vilaine (француски) |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Живиње, Мајен |
• координати | 48°13′46″N 1°03′11″W / 48.2294° СГШ; 1.0530° ЗГД |
• надм. вис. | 175 м |
Устие | |
• место | Атлантски Океан |
• координати | 47°30′20″N 2°29′57″E / 47.5055° СГШ; 2.4991° ИГД |
Должина | 218,1 км |
Големина на сливот | 10.882 км2 |
Проток | |
• просечен | 80 м3/с |
Особености на сливот |
Течение
уредиРеката минува низ 4 департмани (Мајен, Ил и Вилен, Атлантска Лоара и Морбијан) и 4 поважни града (Рен, Витре, Редон и Ла Рош Бернар).
Околу Витре се изградени три препреки за да се спречат поплави и да се обезбеди водоснабдување за околните подрачја. По реката има и рекреативни капацитети.
- 1978: Валјерска препрека
- 1982: Горновиленска препрека
- 1995: Виломирска препрека
Хидрологија
уредиТекот на реката се движи од 2 до 1.500 м3/с, зависно од сезоната и условите.
Пловидба
уредиВилен е дел од каналскиот систем на Бретања, изграден претежно во XIX век за релативно мали пловила (130 тони). Во 2011 г. сето раководство на системот е префрлено во надлежност на регионот. Во Рен реката се поврзува со каналот Ил и Ранс, а оттука во устието на Ранс, кое навлегува во протокот Ламанш кај Сен Мало. Во Рендон се вркстува со каналот Нант-Брест, овозможувајќи пристап до Понтиви и Блаве на запад и Нант на исток.
Главни притоки
уредиНаводи
уредиИзвори
уреди- Геопортал Архивирано на 15 декември 2010 г. (француски)
- Вилен — основни хидролошки податоци и информации за сливното подрачје (француски)
Надворешни врски
уреди- Вилен — пловидба, места и пристани