Википедија:Уредувачки натпревари/1000 статии што секоја Википедија мора да ги има

Уредувачки натпревар на тема
„1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“

 

од 5 февруари до 4 март 2018 година

 

Уредувачки натпревар на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“.

Натпреварот почнува на 5 февруари 2018 г. во 00:00 ч. и завршува на 4 март 2018 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии наведени на официјалниот список на Мета, за кои целокупната заедница на Википедија гласала и одредила дека тие се 1000. статии кои секое јазично издание на Википедија треба да ги има.

Википедија на македонски јазик се наоѓа на 37. место пред почетокот на натпреварот, со 93 статии кои ги немаме воопшто, 462 со големина помала од 10.000 бајти, 263 статии со големина помеѓу 10 и 30.000 бајти и 182 статии со големина над 30.000 бајти.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од двајца или тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена статија надвор од предложениот список на Мета). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи уреди

Евиденција
  1. BlueEagle1
  2. C1600
  3. Тивер
  4. 19user99
  5. Б. Јанкулоски
  6. Идеологист
  7. П.Неделковски
  8. Кристина222
  9. Uvtarex

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

Членови на жирито уреди

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. Ehrlich91 (Ж2)
  3. Македонец (Ж3)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Материјали уреди

Како материјали се користат другите јазични изданија наведени на официјалниот список на Мета, како и сета друга литература издадена на македонски јазик со соодветно наведување.

Награди уреди

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Република Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница или книжарница, ве молам наведете ни, по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата.

Ќе бидат доделени и следниве награди:

  • „најдобар постоечки корисник“: награда која ќе се додели на корисник со регистрирана корисничка сметка пред почетокот на натпреварот и кој претходно не учествувал на ниеден уредувачки натпревар организиран во овој формат;
  • „најдобар нов корисник“: награда која ќе се додели на корисник со регистрирана корисничка сметка по почетокот на натпреварот;
  • „најмногу нови статии“: награда која ќе биде доделена на корисник, кој ќе создаде најмногу нови статии од официјалниот список кои недостигаат на македонската Википедија (вкупно 93); и
  • „најмногу подобрени статии“: награда која ќе биде доделена на корисник, кој ќе подобри најмногу статии со големина помала од 10.000 бајти од официјалниот список на македонската Википедија (вкупно 462).

Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории.

За може некој учесник да добие награда во некоја од категориите, мора да има напишано/подобрено најмалку 7 статии.

I награда уреди

Вредносен купон во вредност од 10.000 денари.

II награда уреди

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

III награда уреди

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија уреди

Вредносен купон во вредност од 4.000 денари.

Најдобар постоечки корисник уреди

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари за најдобар постоечки корисник, кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари.

Најдобар нов корисник уреди

Вредносен купон во вредност од 1.000 денари за најдобар нов корисник.

Најмногу нови статии уреди

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари за најмногу напишани нови статии, кои претходно не постоеле на македонската Википедија (вкупно 93 од официјалниот список).

Најмногу подобрени статии уреди

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари за најмногу подобрени мали статии со големина помала од 10.000 бајти (вкупно 462 од официјалниот список).

Резултати уреди

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 484
2 19user99 317
3 BlueEagle1 254
4 Uvtarex 152
5 P.Nedelkovski 117
6 C1600 8
7 Bjankuloski06 0
8 Идеологист 0
9 Kristina222 0
Награда за најдобра статија
Најмногу нови статии
  • 19user99 со создадени 11 нови статии
Најмногу подобрени статии
Награда за најдобар нов корисник
  • Нема да се додели бидејќи нема ниеден корисник кој ги исполнува критериумите за оваа награда.
Награда за најдобар постоечки корисник
  • Победник е 19user99 со 317 бода, но бидејќи веќе ги има освоено наградите за второ место и за најмногу нови статии, оваа награда нема да се додели.