Википедија:Статии за бришење/секција2
Поврзано:
- Критериуми за бришење;
- Критериуми за брзо бришење
- Категорија:Статии за бришење
- Категорија:Слики за бришење
Поради прегледност, ве молиме користете го следните симболи:
Симбол | Вметнете |
---|---|
(да се избрише) | {{за}} |
(да се остави) | {{против}} |
(коментар) | {{коментар}} |
Предлози
уредиОваа статија е кандидирана за бришење поради неисполнување на основните критериуми на Википедија. Не индицира зошто темата е важна и нема енциклопедиска содржина. За повеќе видете Notability или Википедија:Значајност.--Никола Стоіаноски 12:45, 19 август 2009 (UTC)
Како додатно на ова погорново, направен е тест на значајност и популарност на оваа личност преку пребарувачот Гугл и се добиени само 92 резултати за личноста или на 7 интернет страници од кои две се на Википедија. Па ја има на форуми. Која е значајноста на оваа минорна личност?--Никола Стоіаноски 13:09, 19 август 2009 (UTC)
Гласање
уредиЗа
уреди- --Никола Стоіаноски 12:45, 19 август 2009 (UTC)
- --Макс(разговор) 13:33, 19 август 2009 (UTC)
Против
уредиКраен резултат
уредиГотово Содржината на статијата е префрлена во статијата за Иван Вазов. Статијата не ги исполнуваше критериумите за самостојна статија, но за да биде дел од друга може.--Никола Стоіаноски 17:03, 19 август 2009 (UTC)
Мислам дека статијата се однесува на тема чијашто значајност не е доволна за да постои на Википедија на македонски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:27, 6 јуни 2011 (CEST)
Дискусија
уредиКако што напишав и на разговорната страница на статијата: Очигледно се создава мала нејаснотија околу тоа дали статијава треба да биде избришана или не. Факт е дека темата не е обработена енциклопедиски, туку првичниот впечаток е дека се работи за себепромовирање или саморекламирање. Впрочем правилата се јасни:
- 3. Критички прегледи. Биографиите и статиите за уметничките дела (и слични теми) треба да бидат енциклопедиски по својот карактер...
- 6. Самопромовирање. Иако сте слободни да пишувате за себе или проектите во кои сте лично длабоко навлезени, запаметете дека мерилата за енциклопедиските статии важат и за тие страници...
- 7. Рекламирање. Статиите за компаниите и производите се во ред доколку се пишувани во објективен и непристрасен стил. Сите теми во статијата мораат да бидат проверливи за трети лица, па статиите за многу мали, „гаражни“ компании најверојатно не се прифатливи...
Од тие причини статијата беше обележана со шаблонот за брзо бришење. Мое мислење е дека доколку се преработи и добие малку повеќе енциклопедиски стил, таа можеби би можела да задоволи извесни критиериуми. Ама, само можеби. Најнакрај, веројатно ќе мора да биде избришана. Ajta (разговор) 01:37, 6 јуни 2011 (CEST)
Гласање
уредиЗа
уреди- Образложението го дадов погоре. -- Ajta (разговор) 01:41, 6 јуни 2011 (CEST)
- И мене ми личи на саморекламирање.--Никола Стоіаноски 15:10, 6 јуни 2011 (CEST)
- --Kiril Simeonovski (разговор) 16:06, 6 јуни 2011 (CEST) Не знам колку е позната групата, но лично познавам многу слични, за кои сметам дека не треба да има статии на Википедија на македонски јазик.
- Бидејќи ја избришавме Виктор Апостоловски поради недоволна значајност, и оваа треба да се избрише. Точно е Кирил, има одреден број статии кои исто така треба да се избришат, но треба да се собреме и да направиме еден проект за филтрација на статиите каде би се бришеле статии кои саморекламираат или темите се непознати. --Никола Стоіаноски 16:37, 6 јуни 2011 (CEST)
- Не, погрешно си ме разбрал. Мислам на групи слични на ClubEliminators, за кои не треба да има статии.-:)--Kiril Simeonovski (разговор) 17:24, 6 јуни 2011 (CEST)
- Бидејќи ја избришавме Виктор Апостоловски поради недоволна значајност, и оваа треба да се избрише. Точно е Кирил, има одреден број статии кои исто така треба да се избришат, но треба да се собреме и да направиме еден проект за филтрација на статиите каде би се бришеле статии кои саморекламираат или темите се непознати. --Никола Стоіаноски 16:37, 6 јуни 2011 (CEST)
Против
уредиКраен резултат
уреди- Со три гласа за и ниту еден против или воздржан, оваа статија ќе биде избришана од Википедија.--Никола Стоіаноски 12:05, 15 јуни 2011 (CEST)
Статијата се однесува на човек кој наводно измислил возило на вода, а притоа како извори се наведуваат само статии објавени во македонски медиуми. Притоа, воопшто не се наведува насловот на делото или научното списание каде што бил објавено истражувањето и последователно самиот изум, а како извори не се наведуваат ниту научни списанија или статии и прилози во странски медиуми за прифаќањето на ваквиот изум. На разговорната страница со статијата веќе споменав дека ова не е прв обид за да се докаже еден вакув изум и дека истражувања на тоа поле постојат уште многу години пред појавувањето на овој човек со своето тврдење. Мислам дека станува збор за статија којашто има за цел да изврши лична промоција на човек кој излегол во јавност со некое апсурдно тврдење и поради тоа сметам дека истата треба да биде избришана.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:08, 12 јануари 2014 (CET)