Википедија:Кандидат за избрана статија/Египетска митологија

Гласање за избрана статија уреди

Како да гласам за овој предлог?


Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (  ), {{против}} (  ) или {{воздржан}} (  ), како и свое мислење преку {{коментар}} (  ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.

Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.

Кратенки:
ВП:КИС

Информации уреди

Статијата е предложена за избрана на главната страница за периодот од 06.07 - 13.07.2009.--Виолетова (разговор) 22:24, 9 јуни 2009 (UTC)

Извадок уреди

 
Боговите Озирис, Анубис и Хор, цртеж во гробница.

Египетска митологија (или египетска религија) опфаќа различни религиозни верувања и ритуали кои се практикувале во древен Египет, од преддинастичкиот период, па сè до прифаќањето на христијанството. Не постоела една единствена религија во древниот Египет, туку тоа биле различни локални култови посветени на конкретни божества. Египетската религија главно е политеистичка, и подразбира верување во повеќе богови и божици, познати како „нетер“ (бог) и „нетерет“ (божица). Повеќето од овие божества контролирале одредени аспекти од природата. На пример, богот Ра и божицата Хатор биле сметани за божества на Сонцето. Некои божества, пак, биле поврзувани со конкретни области или градови во Египет.

Првите митови зборуваат дека на почетокот универзумот бил исполнет со прастарите води на хаосот, а тоа е богот Нун. Богот Ре-Атум се појавил од водата, како што земјата на Египет се појавува секоја година после поплавите на Нил. Ре-Атум плукнал, и од тоа излегле божествата Шу (воздух) и Тефнут (влажност). Светот е создаден кога Шу и Тефнут ги родиле двете деца: Нут (небото) и Геб (земјата). Луѓето се создадени кога Шу и Тефнут тргнале да се шетаат по темната пустелија и се изгубиле. Ре-Атум го испратил своето око за да ги најде. Откако биле пронајдени, неговите солзи радосници се претвориле во луѓе.

Не постои една религиозна книга или текст во Египет, налик на христијанската Библија или исламскиот Коран, но постојат различни текстови за различна употреба, како што се: „Амдуат“, „Книга на дишењето“, „Книга на пештерите“, „Книга на земјата“, „Книга на долниот свет“, „Книга на портите“, и најпознатата „Книга на мртвите“. Повеќе...


Гласање уреди

За уреди

   --Никола Стојаноски 23:09, 9 јуни 2009 (UTC)

Против уреди

Воздржан уреди

Дискусија уреди