Википедија:Избрана статија/2021/20
Албанија — земја во југоисточна Европа, сместена на Балканскиот Полуостров и Сердоземјето. Се граничи со Црна Гора на север, со Косово на североисток, Македонија на исток и со Грција на југ. Албанија има брег на Јадранското Море на запад и брег на Јонското Море на југозапад. Главен град е Тирана, кој воедно е и најголем град во државата.
Географски, земјата покажува различни климатски, геолошки, хидролошки и морфолошки услови, дефинирани на површина од 28.748 км2. Таа поседува извонредна разноликост со пределот кој се протега од планините Проклетие до топлото и сончево крајбрежје на Јадранско Море и Јонското Море. Албанија е мултиконфесионална, мултикултурна и мултиетничка земја. Најголениот дел од населението се етнички Албанци, но има и бројно грчко, македонско, ромско, влашко и црногорско население.
Историски гледано, областа на Албанија била населена со разни племиња од Илири, Тракијци и Стари Грци. Областа била припоена во 3 век од страна на Римјаните и станала составен дел на римските провинции Далмација, Македонија и Илирик. Автономното Кнежевство Арбарија било создадено во 1190 година, формирано од архон Прогон во Кроја, во рамките на Византија. Во доцниот 13 век Карло I Анжујски ги освоил албанските територии од Византијците и го основал средновековното Кралство Албанија, кое со своето максимално проширување се протегало од Драч по должината на брегот до Бутринт на југ. Во средината на XV век, Албанија била освоена од страна на Османлиите.
Современата национална држава Албанија се појавила во 1912 година по поразот на Османлиите во Балканските војни. Современото Кралство Албанија било напднато од Италија во 1939 година, формирајќи Голема Албанија, пред да стане нацистички германски протекторат во 1943 година. По поразот на Нацистичка Германија, комунистичка држава насловена како Народна Република Албанија била основана под раководство на Енвер Хоџа и Партијата на трудот. Земјата доживеала општествени и политички трансформации во комунистичката ера, како и изолација од голем дел од меѓународната заедница. По Револуциите од 1991 година, социјалистичката република била распуштена и била основана денешна Албанија. (Дознајте повеќе...)