Географска распространетост на шкотскиот јазик во Шкотска.
Географска распространетост на шкотскиот јазик во Шкотска.

Шкотски јазик ([Gàidhlig] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help) [ˈkaːlikʲ] ( слушнете)) — јазик од групата на гојделски јазици во состав на келтското јазично семејство, што го прави различен од британските јазици каде се наоѓаат велшкиот, корнскиот и бретонскиот. Шкотскиот, манскиот и гелскиот се сите потомци на средноирскиот јазик, кој пак потекнува од староирскиот јазик и примитивниот ирски јазик. Во англискиот јазик овој јазик е именуван како шкотски гелски, за да се разликува од нецелосно признатиот германски шкотски јазик кој потекнува од староанглискиот.

Шкотскиот јазик се развил во посебен јазик во XII век заедно со останатите гојделски јазици. Овој јазик станал доминантен јазик и ги заменил претходните јазици како камбрискиот, пиктскиот и во одредени делови, староанглискиот.

Денес не постојат историски записи кои би потврдиле точно колку долго се зборувал шкотскиот јазик во Шкотска, но се тврди дека се зборувал во старата јазична форма уште пред подемот на Римското Царство. Не се постигнала согласност по ова прашање во научната јавност, но се поврзуваат фактите за постоењето на кралството Далријада во IV век и со негово проширување кон Алстер и западна Шкотска и со тоа се проширил јазикот. Понатаму, јазикот опстоил преку Господарот на Островите, географски и културен насленик на кралството Далријада кој контролирал делови од Алстер сè до 1500 г. Дознајте повеќе...