Портрет на Даме Груев.
Портрет на Даме Груев.

Даме Груев (1871-1906) — македонски револуционер, основач и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација.

Роден е во селото Смилево, тогаш во Османлиското Царство, а денес во Македонија, во семејството на Јован и Тула. Заедно со Петар Поп Арсов и со Иван Хаџи Николов формирале македонска револуционерна група во која влегле: Андон Димитров, Христо Батанџиев и д-р Христо Татарчев. Оваа група ги поставила основите на Македонската револуционерна организација. На конститутивниот состанок, Јануарска средба, Даме станал прв секретар на Централниот комитет. Од Солун заминал во Штип како главен учител во трикласно училиште. Тука првпат се ретнал со Гоце Делчев.

На 2 август било кренато Илинденското востание. Груев го доживеал мигот на историскиот чин, но и ужасите на страдањата на својот народ решен по секоја цена да се бори и да се избори за слобода и за своја држава. По неколкумесечните исцрпувачки борби со огромната, модерно вооружена непријателска армија, Главниот востанички штаб донел одлука за запирање на Востанието со цел народот да се поштеди и да се зачуваат силите и кадрите на движењето. (Дознајте повеќе...)