Википедија:Избрана статија/2011/18
Аврил Лавињ (родена во 1984) е канадска пејачка, текстописец, актер, моден творец и филантрофист. Таа е родена во Белвил, Онтарио, но го поминала детството во Напани. Кога имала 15 години за првпат се појавила на сцена со Шанаја Твејн, а на 16 години потпишала договор за издавање на два албуми со издавачката куќа Arista (сега RCA Records) вреден повеќе од 2 милиони долари. Кога имала 17 година, Лавињ навлегла во музичката сцена, со својот прв албум Let Go, издаден во 2002 година.
Let Go ја направил Лавињ најмладата солистка која се искачила на првото место во Обединетото Кралство, и албумот четири пати добил платинска сертификација од Снимачката Индустриска Асоцијација од Америка. До 2009, од овој албум биле продадени преку 16 милиони копии ширум светот. Нејзиниот сингл, „Complicated“, се искачил на број 1 во многу земји ширум светот, исто како и албумот Let Go. Нејзиниот втор албум, Under My Skin, е издаден ви 2004 и е нејзиниот прв албум кој се искачил на број 1 во САД. Билборд 200, евентуално продал повеќе од 10 милиони копии ширум светот. The Best Damn Thing, третиот албум на Лавињ, е издаден во 2007, станувајќи нејзиниот трет албум кој се искачил како број 1 албум на ОК Албум Табели и вклучувајќи го нејзиниот прв број 1 Билборд хот 100 сингл, „Girlfriend“. Лавињ има пет број 1 синглови ширум светот, вклучувајќи ги „Complicated“, „Sk8er Boi“, „I'm With You“, „My Happy Ending“ и „Girlfriend“. Со повеќе од 30 милиони продадени копии од нејзините албуми ширум светот, Лавињ е моментално една од најдобрите артисти според продажба кои издавале албуми во САД, со повеќе од 10.25 милиони копии со сертификација од RIAA. Нејзиниот четврт студиски албум, Goodbye Lullaby е издаден на 8 март 2011. (Дознајте повеќе...)