Википедија:Избрана статија/2008/45
Монголија (монголски:Монгол улс, или ) е парламентарна република во Источна Азија и со мал дел во Средна Азија. Монголија граничи со Русија на север и со Народна Република Кина на југ, исток и на југозапад. На запад монголија има допирна точка со Казахстан. Најголем а воедно и главен град на Монголија е Улан Батор. Во градот живее 38% од вкупното население на Монголија.
Низ текот на историјата, денешната територија на Монголија била владеена од различно номадски империи, меѓу кои се и Сионгу, Руран, Сјенбеј, Ѓоктурк и останати. Монголската Империја била основата од Џингис Кан во 1206 година. По распаѓањето на династијата Јуен, Монголците се вратиле на старите обичаи. Во XVI и XVII век, Монголија потпаднала под влијание на тибетскиот будизам наследен од владеењето на династијата Чинг кон крајот на XVII век. За време на распаѓањето на Чинг династијата во 1911, Монголија прогласила независност но со поголеми потешкотии. Официјално во 1921 година Монголија целосно била независна и суверена република и до 1945 година го стекна меѓународното признавање. Како последина на сето тоа, а со блискоста на Советскиот Сојуз, Монголија потпаднала под големо влијание на Советскиот Сојуз, особено под руско влијание. Според тогашната моментална состојба, Монголија ја призна независноста како Монголска Народна Република или Народна Република Монголија. Државното уредување беше комунистичко, налик на советското општествено уредување. Со распаѓањето на Комунизмот во Источна Европа и Советскиот Сојуз, во 1989 година се случила Монголската демократска револуција и резултирала со повеќепартиски систем во државата и со одржување на редовни избори. Монголија се здобила со нов устав, државно уредување и економски пазар. (повеќе...)