Википедија:Избрана статија/2008/44
Тенцин Ѓацо (роден на 6 јули, 1935 во Ќингхај) — четиринаесеттиот и сегашен далај-лама. Неговото вистинско име е Ламо Дондруб,а подоцна го добил името Јецун Јамфел Нгаванг Лобзанг Јеше Тенцин Ѓацо. Тој е религиозен поглавар со големо влијание врз религијата во Тибет. Тој го проповеда учењето Гелуг, а е и претседател на владата во прогонство (во Дарамсала, Индија). Тенцин Ѓацо е и добитник на Нобеловата награда за мир во 1989 година. Тој е и најголемиот будистички свештеник во светот.
Тој бил петто од шеснаесетте деца родени во земјоделско семејство во селото Такцер, Кингаи, каде што го научил дијалектот амдо како негов прв јазик. Тој бил прокламиран како тулку (реинкарнација) на тринаесеттиот далај-лама, Тубтен Ѓацо 2 години по неговото раѓање. Тој бил поставен на престолот како далај-лама на 17 ноември 1950, само еден месец по извршената инвазија на кинеската војска врз Тибет.
Тој бил под воен притисок при ратификација на Седумнаесетте точки за слободата на Тибет во 1951, а тогаш тој го напуштил Тибет и отишол во Индија каде што ја формирал тибетската влада во прогонство во 1959 година. Таму тој е придружен од илјадници соработници и тој се грижи за заштита на тибетската култура и тибетското образование. (повеќе...)