Википедија:Избрана статија/2007/28
Шерлок Холмс (р. 1854 според Вилијам С. Баринг-Гулд) е измислен детектив од доцниот 19-ти и раниот 20-ти век кој за првпат се појавил во 1887 год. Бил измислен од шкотскиот автор и физичар Сер Артур Конан Дојл. Холмс е познат по своето мајсторство во употребата на логика и досетливи набљудувања во решавањето на неговите случаи. Тој е веројатно најпознатиот измислен детектив и еден од најпознатите и лесно распознатливите литературни ликови.
Конан Дојл напишал четири романа и 56 раскази со овој лик. Речиси во сите нив раскажувачот е Холмсовиот пријател и биограф, Др. Џон Х. Ватсон, со исклучок на две во кој самиот Холмс е раскажувачот и уште две кои се напишани во трето лице. Расказите најпрвин излегувале во списанија во продолженија, меѓу кои доста од нив во списанието The Strand, во временски период од четириесет години. Ова бил чест облик на издавање во тоа време: Чарлс Дикенс исто така пишувал за списанија. Расказите покриваат временски период од 1878 до 1903 год. со последен случај во 1914. Треба да се знае дека иако многу од насловите на расказите ја носат претставката „Авантурите на...“, медиумите каде што се издавани не биле доследни на ова. Долгата и кратката верзија варијабилно се употребуваат во оваа статија.