Овие концерти за првпат биле издадени во 1725 како дел од дванаесет дела Оп. 8, насловени како Il Cimento dell'armonia e dell'inventione („Натпреварот помеѓу хармонијата и инвенцијата“). Првите четири концерти биле именувани како Le quattro stagioni („Четири годишни времиња“), по едно годишно време за секој. Концертите имаат по три става, од кои два се брзи и еден бавен, помеѓу нив.
Концерт бр. 1 во Е-дур, Оп. 8, RV 269 - „Пролет“ (La primavera)
Текстурата на секој од концертите варира, во зависност од неговото годишно време. На пример Зимата мрачна и тажна, додека Летото призива бура во последниот став.
Вивалди напишал четири сонети за рецитирање со четирите концерти. Така, „Четирите годишни времиња“ се тонски поеми. Заедно тие се вековен пример за програмска музика. Делото често се јавува во популарната култура.