Ветерница во Меленци
Ветерница во Меленци или Бошњакова ветерница — ветерница изградена во 1899 година на крајот на селото Меленци, покрај патот за Башаид. Претставува недвижно културно наследство како споменик на културата од големо значење.
Ветерница во Меленци | |
---|---|
Ветрењача у Меленцима | |
Општи податоци | |
Вид | Ветерница |
Град | Меленци, Зрењанин |
Земја | Србија |
Завршена | 1899 |
Изглед
уредиВетерницата е изѕидана од тула и керпич во облик на зарабен конус со покрив од ќерамиди. Низ подвижниот покрив некогаш проаѓала масивна оска со крила за фаќање ветар, што воедно бил погон за придвижување на механизмот. Денес крилата недостасуваат, а дрвениот механизам во голема мера е оштетен. Внатрешниот простор е поделен на приземје, два ката и поткровје, а е поврзан со внатрешни скали. Во таванскиот простор и горниот кат имало конструкција, додека на првиот кат има три пара камења за мелење жито. На приземјето имало гајби во кои брашното стигнувало преку олуци. Таа е многу слична на ветерниците во Чуруг и Бело Блато и е редок пример на некогаш бројните градби од овој вид.
Обнова и заштита
уредиИако ветерницата била целосно обновена од страна на Покраинскиот завод во 1971 година (освен обновата на деловите од механизмот на мелницата), по повеќе од триесет години некористење, зградата на ветерницата претрпела значителна штета. Постоела опасност од целосно рушење, а имало потреба од итни конзерваторски работи за санирање на конструкцијата и обновување на оштетените делови.
Заводот за заштита на спомениците на културата во Зрењанин изготвил проектно-техничка документација за реконструкција и статичка санација, врз основа на која биле издвоени средства за работите од Министерството за култура на Република Србија. Работите биле извршени во текот на 2007 година во две фази. Првата фаза опфатила работи на санација на темелот и ѕидовите, а втората фаза опфатила санација на кровната конструкција и поставување на нова покривна покривка од ќерамиди, со што се спречило рушење на овој редок примерок на народното градителство.
Галерија
уреди-
Ветерницата во Меленци со крилја
-
Ветерницата во 1962 година
-
Ветерницата во 1962 година
-
Ветерницата во Меленци
-
Ветерницата во Меленци
Надворешни врски
уреди- Список на споменици на култура
- Ветерницата во Меленци
- Список на споменици на културата од големо значење во ВојводинаАрхивирано на 17 мај 2014 г.
- Републички завод за заштита на спомениците на културата - Белград
- Републички завод за заштита на спомениците на културата - Белград/База на неподвижни културни добра
- Наследство
- Заборавени споменици на културата и историјата: Ветерницата во Меленци