Веска Андонова Дусниева ( 1920 во Велес — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Таа била монополска работничка. Член на СКОЈ од 1937 година, била мошне активна во организирањето на штрајковите во Велес. Од јуни 1940 година, станала член на КПЈ. Во март 1941 година станала член на Месниот Комитет на СКОЈ. Раководела со десетина младински групи преку кои собирала народна помош. Од крајот на 1941 година во својот дом чувала илегалци, била користена за врска меѓу Велес и Скопје. Кон крајот на 1942 година се преселила во Скопје. Чувала одговорни партиски функционери, како илегалци, а од зимата 1943 година растурала илегален материјал. Преку Родна Давкова испраќала материјална помош на борците во НОВ.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 975.