Бернард Херман

американски композитор и диригент

Бернард Херман (англиски: Bernard Herrmann; роден Максимилијан Херман; 29 јуни 1911  – 24 декември 1975) бил американски композитор и диригент,[1] а најпознат е по компонирање на музика за филм. Се смета за еден од најдобрите филмски композитори.[2]

Бернард Херман
Бернард Херман во 1970
Роден(а)Максимилијан Херман
29 јуни 1911
Њујорк, САД
Починал(а)24 декември 1975
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Други имињаБернард Максимилијан Херман
Образование
Занимање
  • Композитор
  • диригент
Активен период1934–1975
Деца2
Страница
thebernardherrmannestate.com

Бернард Херман добил Оскар за „Ѓаволот и Даниел Вебстер“ (1941), а познат е по неговата соработка со Алфред Хичкок за кого ја компонирал музиката за филмските класици: „Човекот кој знаеше премногу“ (1956), Вертиго (1958), Север-северозапад (1959), Психо (1960), Птици (1963) (како „консултант за звук“) и Марни (1964). Негова прва филмска музика била за првиот филм од Орсон Велс, Граѓанинот Кејн (1941). Други филмови за кој компонирал музика се: Џејн Ер (1943), Ана и кралот на Сијам (1946), Духот и госпоѓа Муир (1947), Денот кога земјата застана (1951), Кејп Фиар (1962), Фаренхајт 451 (1966) и Twisted Nerve (1968). Херман напишал музика за филмови кои биле инспирирани од Хичкок, како: „ Невестата носеше црно“ од Франсоа Трифо (1968) и „Сестри“ од Брајан Де Палма (1972) и „ Опсесија“ (1976). Компонирал музика за неколку фантастични филмови од Реј Харихаузен и компонирал за тв-серии, вклучувајќи ги Have Gun – Will Travel и Зона на самракот од Род Серлинг. Негово последно дело, снимено непосредно пред неговата смрт, било за „Таксист“ од Мартин Скорсезе (1976).[3] [4]

Наводи

уреди
  1. Rivkin, Steven E. (March 1997). „Benny, Max and Moby“. Bernardherrmann.org. The Bernard Herrmann Society.
  2. Huizenga, Tom (29 June 2011). „Bernard Herrmann at 100: Master of the Movie Score“. NPR.
  3. Smith 2002.
  4. Littlefield, Richard (2003). „Reviews: Steven C. Smith. A Heart at Fire's Center: The Life and Music of Bernard Herrmann. The Journal of Film Music. The International Film Music Society. 1: 273–281. doi:10.1558/jfm.v1i2/3.273. ISSN 1087-7142. Посетено на 17 March 2015.

Надворешни врски

уреди