Верица Каранфиловска
Верица Каранфиловска (родена на 24 август 1983, во Скопје) — македонска пејачка, најдобро позната по претставувањето на Македонија на Евровизија 2000 како дел од групата XXL со песната „100% те љубам“.
Верица Каранфиловска | ||
Родена | 24 август 1983 Скопје | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | пејачка | |
Татко | Драган Каранфиловски-Бојс |
Ќерка е на познатиот Драган Каранфиловски-Бојс, кој пишувал песни за групата. Како дете настапила на многу детски фестивали со нејзиниот татко. Подоцна ја напуштила групата за да започне со соло кариера. Првиот сингл Заведи ме го објавила во 2003, а потоа и Романтична и Песна за Ана. Завршила филолошки факултет и денес живее во Катар.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Muzika.Net.Mk > Изведувачи > Верица Каранфиловска“. web.archive.org. 2004-11-12. Архивирано од изворникот на 2004-11-12. Посетено на 2022-05-09.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
Надворешни врски
уреди- Портфолио на учесникот Верица Каранфиловска Архивирано на 9 мај 2022 г.