Мрежна камера

(Пренасочено од Веб-камера)

Мрежната камера (или веб-камера, од англ. web camеra) е мала камери коишто се користи за пренос на видеоматеријали и правење на слики коишто можат да се испраќаат преку интернет, а служат и за сметачки видеосостаноци.

Изглед на типична мрежна камера

Мрежните камери се дигитални камери чии слики се испраќаат на некој мрежен опслужувач, постојано или на одредени интервали. Ова се постигнува или со користење на камери специјално направени за сметачи или пак со спојување на обичните видеокамери со сметач. Може да се користат и аналогни камери кои се спојуваат со картичка за снимање на видео а потоа сниманиот материјал се испраќа на интернет.

Историја

уреди
 
Кафематот сликан со првата мрежна камера

Првата мрежна камера е измислена на одделот за информатика при Кембричкиот универзитет, во 1991 година и е наречена „КафеКамера“ (CoffeeCam) бидејќи покажувала кафемат. Таа конечно е исклучена на 22 август 2001 година.[1][2]

Најстарата мрежна камера која е активна денес се наоѓа во државниот универзитетот во Сан Франциско и непрекинато работи од 1994 г[3].

Со развојот на мрежните камери се појавиле многу мрежна мрежни места кои нудат 24-часовен пренос во живо на животот на некои личности. Истот развој бележи и голем пораст на интернет-порнографијата, а и на малолетничката порнографија, која е строго забранета.

Според најновите практитики производителите на преносни сметачи ги вградуваат мрежните камери поради нивната секојдневна и честа употреба.

Видеосостаноци

уреди

Со развојот на мрежните камери на програмите за допишување преку интернет му се додадени и видео-можности со кои корисниците коишто се допишуваат имаат можност и да се гледаат преку своите мрежни камери. Ова е технологија која постојано се подобрува па според тоа и се подобруваат услугите кои им се достапни на корисниците.

Оваа можност е достапна во сите познати програми за допишување како Yahoo Messenger, AOL Instant Messenger (AIM), Windows Live Messenger, Skype, iChat и многу други

Примена кај надзорот

уреди

Денес во повеќе домови и објекти се користат мрежни камери како безбедносни камери кои постојано снимаат и сликите или видеото го испраќаат на интернет, го снимаат на сметач, па и преку посебни програми ја информираат полицијата и сопственикот.

Технологија

уреди
 

Градбата на мрежните камери обично се состои од леќа, сензор за слики и дополнителни електроники. Се користат најразлични леќи а предност имаат тие кај кои фокусот може рачно да се менува. Обично квалитетот на камерата се мери со слики во минута и кај обичните мрежни камери се движи околу 15 слики во минута, а кај поновите и посовремени и до 30 слики во минута.

Помошните електроники ја читаат сликата од сензорот и ја префлуваат на сметач. Кај некои камери овие електроники се ставаат посебно, кај други се вградени заедно на еден чип.

Исто така повеќето мрежни камери во себе содржат и вграден микрофон.

Приватност

уреди

Како и другите сметачки уреди така и камерите знаат да бидат цел на хакерски напади. Хакерите ги искористуваат овие камери за злоупотреба.

Наводи

уреди
  1. КафеКамера (англиски)
  2. Шипгел - КафеКамера Архивирано на 25 септември 2015 г. (англиски)
  3. „Среќен роденден Фогкам“ Архивирано на 12 декември 2007 г. од Анжили Еле, во Golden Gate XPress, 30 септември 2004 (англиски)