Мрежен опслужувач

Мрежен опслужувач (англиски: web server) значи:

  1. Сметач кој е одговорен да ги прифаќа HTTP-барањата од клиентите, познати како прелистувачи, и да дава HTTP одговори на овие барања кои може да бидат проследени и со дополнителни податоци, кои најчесто се мрежни места во облик на HTML-документи или поврзани објекти (слики, мултимедијални податотеки, ...).
Може да се користат повеќе веб -сервери за веб -страница со голем сообраќај; овде, серверите Dell се инсталирани заедно и се користат за Фондацијата Викимедија.
  1. Сметачки програм кој ја обезбедува функционалноста опишана погоре.

Основна фунцкија на опслужувачот е да овозможи доставување на мрежни страници до клиентите. Тоа значи доставување на HTML документи и друга содржина која може да биде вклучена во документот, како на пример слики, стилови и JavaScript.

Клиентот, најчесто некој прелистувач или пребарувач, ја иницира комуникацијата со испраќање барање за некој документ со користење на HTTP. опслужувачот одговара со испраќање на содржината на тој документ. Документот вообичаено е некоја податотека сместена некаде на секундарната меморија на опслужувачот, но не мора неопходно да биде така, тоа е зависино како опслужувачот е спроведен.

Иако основната функција на опслужувачот е да овозможи доставување на страници, целосната имплементација на HTTP вклучува и начин на примање на содржини од клиентите. Оваа функционалност се користи за прифаќање на податоците од форми, како и подигање на податотеки.

Многу генерички опслужувачи исто така поддржуваат и извршување на скрипти (анг. server-side scripting), пример PHP, Python, Java, ... Тоа значи дека својствата на опслужувачот може да се програмираат (со помош на скрипти), додека HTTP софтверот останува не променет. Оваа функционалност се користи за создавање на HTML документи во лет, т.е. станува збор за динамички страници.

Опслужувачите не се користат само за опслужување на world wide web, тие исто така може да се најдат вгнездени во некои уреди, како на пример кај печатачите, рутерите, мрежните камери и сл. каде опслужувачот може да се користи како дел од системот за надгледување и/или администрирање на уредот за кој станува збор.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди