Васо Николоскимакедонски поет.[1]

Животопис

уреди

Васо Николоски е роден на 20 март 1955 година во с. Балин Дол, Гостиварско. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи како библиотекар во oсновното училиште „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Член на Друштво на Писатели на Република Македонија од 1989 година. Автор е на книгите: Пожари (поезија, 1983), Дното на Ахеронт (поезија, 1987, Проколнато Дрво (поезија, 2001), Часовничарот (поезија, 2010). Добитник е на наградата „Студентски збор“ за дебитантска книга на Струшки вечери на поезијата. Застапен е во многу поетски антологии. Преведуван е на: англиски, полски, бугарски, српски, хрватски, албански и турски јазик.

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 183.