Васил Мицковски (новинар)
- Ова е статија за македонски новинар. За истоимениот револуционер видете тука
Васил Мицковски (Скопје, 1953 - Скопје, 13 мај 2015) — македонски новинар, уредник во МРТВ, еден од основачите на „Утрински весник“ во 1999 година, а последните години од кариерата дел од уредничкиот тим на магазинот Глобус.
Васил Мицковски | ||
Роден | 1953 Скопје, СР Македонија | |
---|---|---|
Починал | 13 мај 2015 Скопје, Македонија | |
Занимање | новинар |
Животопис
уредиМицковски е роден во Скопје во 1953 година. По вокација бил Филозоф. Новинарската кариера ја започнал во 1983 година во „Нова Македонија“. Таму ја поминал стандардната обука и бил дел прво од Скопска рубрика, а потоа Политичка. На почетокот од 1990-тите бил дел од редакцијата на неделникот „Пулс“, каде бил и негов главен и одговорен уредник. Потоа неколку години бил директор на Македонската телевизија, сè до 1998.
Во 1999 година, Мицковски заедно со уште четворица негови колеги го формирале „Утрински весник“, чие појавување на македонската медиумска сцена било сензационално. Не само според квалитетот на новинарскиот кадар во редакцијата, туку и по изгледот на весникот, кој ги презел италијанските искуства во преломот на страниците. Имено главниот наслов на првата страница во првиот број бил негов. Потоа дел од екипата на „Утрински весник“, во рамките на МПМ, го создал и го издавал магазинот „Глобус“. Мицковски таму бил заменик-главен уредник и колумнист. Починал во Скопје на 13 мај 2015 година по тешко боледување.[1]
Наводи
уреди- ↑ Почина новинарот Васил Мицковски, Телма, 13 мај 2015.