Василе Ташков Данилоски ( 1921 во Козица, Кичевско1945 во Липошница, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Василе Данилоски
Роден 1921 година
Козица, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Липошница, Хрватска
Националност Македонец

Животопис

уреди

Потекнувал од селско сиромашно семејство кое одвај можело да му овозможи да го доврши основното училиште. Како симпатизер на ослободителното движење се приклучил во редовите на Првата македонска бригада во есента 1944 година. Со Бригадата учествувал во ослободувањето на Охрид и Кичево, а потоа со единиците на Петнаесеттиот македонски корпус учествувал во пробојот на Сремскиот фронт. Загинал во борба со Германците во април 1945 година кај местото Липошница.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 52.