Вангел Коџоман
Вангел Коџоман (14 февруари 1904 во Струга — 28 септември 1994 во Скопје) — македонски ликовен уметник, академик и еден од основоположниците на македонската современа уметност.[1][2][3][4][5][6]
Вангел Коџоман | ||
Роден | 14 февруари 1904 Струга, Македонија под Отоманска империја | |
---|---|---|
Починал | 28 септември 1994 Скопје, Македонија |
Животопис
уредиСе школувал во Охрид каде во 1923/24 година матурирал во Охридската гимназија. Од 1924 до 1928 година го завршил наставниот оддел на Уметничката школа во Белград[7] (проф. Бета Вукановиќ, Љуба Ивановиќ, И. Шобаиќ). Во 1928 година го продолжил студирањето на двегодишниот академски курс за чиста уметност кај проф. Милан Миловановиќ. Кон крајот на школувањето бил на покус студиски престој во Италија. По отслужувањето на деветомесечниот воен рок во Сараево во 1931 година стапил во служба како ликовен педагог во Охридската гимназија. Од 1929, особено од 1936 г. до почетокот на војната учествувал во пролетните изложби на сликарски и вајарски дела на југословенските уметници и на есенските изложби на белградските уметници во Белград. Во 1937 г. Учествувал на изложбата на независните сликари во Белград, наречена „бојкоташка". Во 1938-39 г. Во Белград добил место на професор по ликовно воспитание во Седмата машка гимназија, каде останал до 1945 г. и учествувал во културниот, уметничкиот и спортскиот живот. Во месец октомври, неколку дена по ослободувањето на Белград, стапил како воен сликар на должност шеф на Одделот за пропаганда при Главниот штаб на Македонија за ширење на ликовната уметност во војската и народот на која останал шест месеци, до први јуни 1945 г. По демобилизирањето, кон крајот на септември 1945 г. Дошол во ослободеното Скопје каде се вработил како професор во Средната художествена школа која во 1948 г. го добива називот Училиште за применета уметност. Таму работел во 1952 г. Вангел Коџоман е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија во Скопје и долгогодишен член на неговата управа.[5][6][8]
Од 1945 г. Учествувал на изложбите на ДЛУМ во Скопје и во другите југословенски центри, како и на разни тематски изложби. Од 1952 г. Започнал да работи како професор на Вишата педагошка школа во Скопје, каде до 1972 г. Предавал сликарство и методика на ликовното воспитание. Учел повеќе генерации млади уметници и педагози. Во 1953 г. Заедно со Личеноски и Мартиноски ја претставувал македонската ликовна уметност на големата изложба „Половина век на југословенското сликарство, 1900-1950" во Модерната галерија во Загреб. Во 1955-56 г. Остварил четиримесечен студиски престој во Париз. Во неговиот Дневник ќе запише: „По престојот во метрополата моите настојувања стануваат се посмели и поафирмативни, ро извесно надградување и формирање на творечкиот инстинкт". Во 1974 г. Во Струга ја отворил постојаната тематска изложба-легат Струга во минатото, сместена во Спомен-куќата на Вангел Ко џоман, со околу 30 масла и акварели. Во 1975 г. е избран за дописен член на МАНУ. Редовен член е 1981 г. Носител е на наградите: Октомвриска награда на СРМ за животно дело - 1969; Осмоноемвриска награда на Струга - 1975; АВНОЈ - 1979; 13 ноември на Град Скопје - 1981. Починал во Скопје во 1994 година.[5][6]
Резиме
уредиИмето и ликовното дело на Вангел Коџоман е вградено во темелите на модерната уметност во Македонија. Тој е ликовен уметник и еден од малубројните кој во почетокот на триесеттите години на минатиот век, во историски неповолни услови, ја запозчнал својата творечка активност. Личниот придонес на Коџоман, изграден врз искуствата на постимпресионзмот, фовистичките и експресионистичките искуства во ликовната уметност, едновремено настојувал во својата постапка да ги вклучи сталожените искуства на модерната уметност. Неговото дело е од големо значење особено поради тоа што се смета за еден од основачите на Средното уметничко училиште во Скопје, Друштвото на ликовните уметници на Македонија и како учесник во народно-ослободителната и антифашистичката војна на територијата на Македонија.[6]
Ликовно-творечко дело
уредиСамостојни изложби
уреди- Скопје - 1938,1958, 1972, 1976, 1981, 1994
- Струга - 1961, 1962, 1974
- Торонто - 1975
- Берлин - 1984
- 1937 - Изложба на независни сликари во Белград “Бојкоташка”
- 1945 - Учествувал на изложбите на ДЛУМ во Скопје и други југословенски центри.
- 1953 - Учествувал на големата изложба на големата изложба „Половина век на југословенското сликарство, 1900-1950" во Загреб.
Самостојно излагал во Струга, Скопје, Торонто, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјата (од 1929 г.) и странство (Берлин 1977 г.).
Извел (со Шулајковски и Дракулевски) мозаик во Југобанка - Скопје.
Добитник е на Октомвриска награда за животно дело - 1969 г., наградата АВНОЈ - 1979 г. и др.
Наводи
уреди- ↑ Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 252. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 751. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 159. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „КОЏОМАН, Вангел“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23. Архивирано од изворникот на 2021-01-19.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Споменица посветена на починатиот Вангел Коџоман (1904-1944) (PDF). Скопје: МАНУ. 1995. стр. 19–27.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 Владимир Величковски (1986). Вангел Коџоман (PDF). Скопје: Македонска книга. Недостасува
|author1=
(help)[мртва врска] - ↑ „Вангел Коџоман (1904-1994) – МАНУ“. Архивирано од изворникот на 2021-03-02.
- ↑ НУ музеј “Д-рНикола незлобински“ Струга (2014-11-23). „ГАЛЕРИЈА ВАНГЕЛ КОЏОМАН“.