Љубомир Ивановиќ

(Пренасочено од Љуба Ивановиќ)

Љубомир Ивановиќ бил српски сликар и графичар, дописен член на САНУ.

Љубомир Ивановиќ
Роден(а)24 февруари 1882
Белград, Кралство Србија
Починал(а)23 ноември 1945
Белград, ФНР Југославија

Живот и дело

уреди

Завршил четиригодишна гимназија. Ја посетувал Српската цртачка и сликарска школа во Белград, кај професорот Кирил Кутлик, потоа кај Бета и Риста Вукановиќ (1899—1905) и студирал на минхенската сликарска академија (1905—1909) и на приватната сликарска школа на Антон Ажбе[1] и истата година е поставен за предавач по цртање на актови и глави на уметничката школа во Белград.

Првпат изложувал како ученик во 1904 на првата Југословенска уметничка изложба. Бил еден од основачите на Здружението на ликовни уметници во Белград (1919) и бил член на уметничкото здружение Лада.[1]

Одликуван е со Орден на витез, од Легијата на честа на Република Франција. Станал дописен член на САНУ во 1922 година.[1]

Во дваесеттите и триесеттите години на дваесеттиот век, тој, впрочем, престојувал и во Македонија истражувајќи го поднебјето, со претставување на старите градски јадра.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Танјуг 2013.

Литература

уреди
  • Танјуг (13 февруари 2013). „Изложба цртежа и графика Љубомира Ивановића у САНУ“. званични сајт. Нови Сад: Радиотелевизија Војводине. Посетено на 16 септември 2016.CS1-одржување: датум и година (link)