Друштво на ликовните уметници на Македонија
Здружение на ликовните уметници на Република Македонија. Формирано во 1946 година од основоположниците на модерната македонска уметност Димитар А. Пандилов, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Вангел Коџоман и Василие Поповиќ-Цицо. За прв претседател на Друштвото бил избран Никола Мартиновски. Неговата антиципација и континуитет датираат од 1929 година, кога во рамките на Вардарска бановина било формирано „Друштвото на југословенските ликовни уметници“. Во 1930 година кон него се приклучило и новото друштво „Јефимија“ кое од 1933-1941. година ја презела изложбената дејност на ДЈЛУ. На иницијатива на Друштвото е формирано и Уметничкото училиште во Скопје. Од 2019 година претседател е Филип Фидановски.[1]
Друштвото работи на афирмација на ликовното творештво во Македонија, преку организирање самостојни и групни изложби на неговите членови во земјата и во странство. ДЛУМ организира и повеќе традиционални изложби, меѓу кои годишните изложби на графика и цртеж, сликарство мал формат, „Зимскиот салон“ (биенална изложба во Музејот на современата уметност) и годишна ревијална изложба во соработка со Музејот на Град Скопје. Изложбен простор на ДЛУМ е Салонот на Домот на АРМ.[2]
Изложби
уреди- „Годишна изложба - функционира од самото основање;
- „Зимски салон“ - озложба која датира од 1991 година, и е со учеството на селектор-куратор од странство и гости учесници од соседните земји.
- „Мал формат - изложба на слики во мал формат со површина 25х25 ;
Награди
уредиДЛУМ ги доделува и следниве награди:
- „Нерешки мајстори“ - за сликарство и континуирано творештво и скулптура;
- „Лазар Личеноски“ - за сликарство;
- „Никола Мартиноски“ - за цртеж;
- „Димче Николов“ (поранешна Моша Пијаде) - за графика;
- „Петар Мазев“ - за сликарство за помлад автор;
- „Јордан Грабул“ - за скулптура и
- „Димитар Пандилов“ - за сликарство мал формат;
- „Гран-при“ - се доделува на изложбата Зимски Салон;
Добиени награди
уреди- 2020 - награда „13 Ноември“ за правни лица за 75 години творечка и континуирана работна целина.[3]
Наводи
уреди- ↑ Филип Фидановски нов претседател на Друштвото на ликовни уметници
- ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 495–496. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ „ИЗБРАНИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ" НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2020 ГОДИНА“. Град Скопје. Посетено на 3 декември 2020.
Надворешни врски
уреди- Официјална страница на ДЛУМ Архивирано на 20 февруари 2018 г.