Ванеса Карлтон

американска пејачка

Ванеса Ли Карлтон (aнгл. Vanessa Lee Carlton; родена на 16 август 1980 година) ― американска пејачка и пијанистка, најпозната по нејзиниот прв сингл „A Thousand Miles“.

Ванеса Карлтон
Ванеса Карлтон во 2010
Роден(а)Ванеса Ли Карлтон
16 август 1980(1980-08-16)(44 г.)
Милфорд, Пенсилванија, САД
Занимање
  • Пејачка
  • текстописец
  • пијанист
Активен период2000–денес

Музичка кариера
Жанрови
Инструменти
  • Глас
  • пијано
Издавачи
СопружникЏон Меколи (в. 2013)
Деца1
Страница
vanessacarlton.com

Живот и кариера

уреди

Детство и образование

уреди

Карлтон е родена на 16 август 1980 година во Милфорд, Пенсилванија.[1] Таа има сестра Гвен и брат Едмунд. [2] [3] Нејзината мајка потекнувала од еврејско семејство од Квинс во Њујорк и била учителка по пијано.[4][5] Ванеса Карлтон на двегодишна возраст го посетила Дизниленд и кога се вратила дома на пијано ја свирела „It's a Small World“. Нејзината мајка почнала да ја подучува[6][7] и ја запознала со класична музика. На 9-годишна возраст се заинтересирала за балет, а во 1994 година, на 14-годишна возраст, се запишала на Школата за американски балет.

Карлтон патела од депресија и имала напади од булимија и јавно зборувала за овие проблеми.[8][9]

По матурирањето пеела во ноќни клубови и почнала да се чувствува удобно на сцената. Подоцна се преселила во Њујорк, каде што се една година студирала на Универзитетот Колумбија[10] а откако го напуштила факултетот работела како келнерка на Менхетн.[11]

2002–2003: Почетоци на музичата кариера и прв албум

уреди

Карлтон се запознала со текстописецот и продуцентот Питер Зизо кој ја поканил во неговото студио да сними демо-песна.[12] Три месеци подоцна таа потпишала договор со A&M Records и почнала да работи на албум, насловен Rinse.[13] Овој албум не бил издаден, но неколку нумери биле преработени за албумот Be Not Nobody.

Претседателот на A&M, Рон Фер, откако го слушнал нејзиното демо на „A Thousand Miles“, организирал сесии за снимање, ја продуцирал и ја аранжирал песната.[14] Песната станала хит, се пласирала меѓу првите пет на Billboard Hot 100 и станала шеста најемитувана песна на годината. Песната била номинирана за Греми за „Запис на годината “, „Песна на годината“ и за „Најдобар инструментален аранжман придружен со вокал(и)“.[15][16][17] Фер го продуцирал остатокот од албумот.

Албумот Be Not Nobody бил издаден во април 2002 година и дебитирал на петто место на американската топ-листа за албуми, Billboard 200.[18] Биле објавени уште два сингла: „Ordinary Day“ и „Pretty Baby“. Во 2002 година, за да го промовира албумот Карлтон била на турнеја низ САД како воведен изведувач за Goo Goo Dolls и за Third Eye Blind, а на крајот од 2002 година започнала сопствена турнеја низ САД и во 2003 година имала турнеја низ Европа.[19]

2004–2017: Следни албуми

уреди

Во ноември 2004 година, Карлтон го издала нејзиниот втор албум, Harmonium, кој дебитирал на 33 место на Билборд 200[20] и се сметал за разочарување по нејзиниот успешен прв албум. Албумот бил продуциран од Стивен Џенкинс од рок-групата Third Eye Blind.[21] Карлтон и Џенкинс се запознале и започнале врска во средината на 2002 година додека биле на заедничка турнеја.[22] Таа подоцна изјавила дека од нејзината издавачка куќа „не биле многу среќни“ поради одлуките што ги донела за време на создавањето на албумот.

Карлтон ја напуштила A&M Records во средината на 2005 година.[23]

 
Карлтон на филмскиот фестивал „Трибека“ во 2008 година

Во 2007 година, Карлтон го издала нејзиниот трет албум „Heroes & Thieves“. Иако не постигнал голем комерцијален успех, овој албум добил позитивни критики[24] и бил пофален поради емоционалната длабочина и автобиографската тематика. Албумот бил поддржан од познатиот музички продуцент Ирв Готи и содржел соработка со Стиви Никс од Fleetwood Mac.

 
Карлтон настапува во живо во 2011 година

Четвртиот студиски албум од Карлтон, Rabbits on the Run, бил издаден на 26 јули 2011 година.[25] Добил пофалби од музичките критичари.[26][27][28] Насловот и концептот на албумот биле инспирирани од книгите „Кратка историја на времето“ од Стивен Хокинг и Брегот Вотершип (Watership Down) од Ричард Адамс.

 
Карлтон настапува во живо во театарот Рокси во 2016 година

Во 2015 година го издала албумот Liberman,[29] кој се карактеризирал со поамбиентален звук. И овој албум бил добро прифатен од критичарите, кои го ценеле нејзиниот зрел стил и личната тематика.[30] [31]

2017-денес: Албум во живо и деби на Бродвеј

уреди

На 17 февруари 2017 година, Карлтон објавила уште еден албум во живо под наслов Earlier Things Live.

Во мај 2019 година, било објавено дека Карлтон ќе дебитира на Бродвеј со главна улога во мјузиклот од Керол Кинг, Убава (<i id="mwAaE">Beautiful</i>).[32][33] За нејзиниот прв настап на Бродвеј, Карлтон рекла: „Бев исполнета со емоции на премиерата на претставата, тоа е многу работа. И беше превозбудливо. И некако успеавме. На крајот заплакав.“[34]

На 27 март 2020 година го издала албумот Love is an Art.[35]

Во 2023 година, Карлтон станала вирална откако една марионета ја испеала нејзината најпозната песна „A Thousand Miles“.[36]

Личен живот

уреди

На 19 јуни 2010 година, откако настапила на Парадата на гордоста во Нешвил, се испоставило дека Карлтон е бисексуалка.[37] Пред присутните изјавила: „Никогаш не сум го кажала ова, но јас сум горда бисексуалка“.[38]

На 9 октомври 2013 година, на настап во живо во Беј Шор, Њујорк, Карлтон објавила дека го очекува нејзиното прво дете со нејзиниот вереник Џон Меколи (од групата Deer Tick).[39] Во ноември објавила дека доживеала ектопична бременост. По операцијата ѝ бил отстранет целиот десен јајцевод.[40] На 27 декември 2013 година, Карлтон и Меколи се венчале на церемонија со која раководела Стиви Никс.[41] На 26 јуни 2014 година, Карлтон преку Фејсбук објавила дека објавувањето на албумот Liberman ќе биде одложено за летото 2015 година бидејќи очекува дете со Меколи. [42] На 13 јануари 2015 година, Карлтон родила ќерка.[43]

Карлтон живеела во Нешвил до 2021 година. Денес живее во Ворвик, Род Ајленд.[44]

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Be Not Nobody (2002)
  • Harmonium (2004)
  • Heroes &amp; Thieves (2007)
  • Rabbits on the Run (2011)
  • Liberman (2015)
  • Love Is an Art (2020)

Наводи

уреди
  1. E Jones, Ellen (2019-05-28). „Why is A Thousand Miles the most referenced song in cinema?“. The Guardian (англиски). Посетено на 2022-04-09.
  2. Lamb, Christopher (April 29, 2002). „Vanessa Carlton: A Thousand Miles To Here“. TeenMusic.com. Архивирано од изворникот на August 31, 2014. Посетено на February 14, 2013.
  3. „Singer-Songwriter Vanessa Carlton Indeed Loves Ruby's in the Afternoon“. Grub Street (англиски). November 30, 2007. Посетено на 2022-04-30.
  4. Tang, Estelle (2017-02-17). „16 Years Later, Vanessa Carlton Is Finally 'Fine' With "A Thousand Miles". ELLE (англиски). Посетено на 2022-04-30.
  5. „Vanessa Carlton on Being a Jewish Mom & Surviving the Music Biz“. May 24, 2017.
  6. Interview by Teenmusic Архивирано на 31 август 2014 г. (April 29, 2002)
  7. „Vanessa Carlton Bio“. YFly.com. Архивирано од изворникот на March 19, 2008. Посетено на August 19, 2006.
  8. Zaleski, Annie (October 25, 2004). „Vanessa Carlton Comes Clean“. Clevelandscene.com. Посетено на September 30, 2015.
  9. DiTrolio, Megan (March 27, 2020). „Vanessa Carlton Lives in the Present (Even If You're Stuck in the Past)“. Marie Claire. Посетено на 4 May 2023.
  10. „Vanessa Carlton Has Never Been Farther From 'A Thousand Miles'. Spin. 2015-11-24. Архивирано од изворникот на 2021-10-22. Посетено на 2020-10-31.
  11. Clarke, Betty (2003-02-19). „Vanessa Carlton“. The Guardian (англиски). Посетено на 2022-04-09.
  12. „Handwritten Vanessa Carlton Bio“. blackvulture.com. Архивирано од изворникот на 2020-08-28. Посетено на April 17, 2008.
  13. Празен навод (help)
  14. „The Making of A Thousand Miles“. mtv.com. Архивирано од изворникот на 2021-10-22. Посетено на April 17, 2008.
  15. „For The Record: How Vanessa Carlton's "A Thousand Miles" Has Transcended Genre And Culture“. Grammy.com. Посетено на 2023-03-29.
  16. Празен навод (help)
  17. „GRAMMY Rewind: 45th Annual GRAMMY Awards“. Grammy.com. Посетено на 2023-03-29.
  18. „Vanessa Carlton“. Variety. July 9, 2003.
  19. „Artist Bio“. Rock on the net.com. Архивирано од изворникот на 2021-10-22. Посетено на April 20, 2008.
  20. Petrie, Saidah. „Vanessa Carlton“. complex.com. Архивирано од изворникот на February 27, 2009. Посетено на December 2, 2009.
  21. „Vanessa Carlton Recalls Her Days As A Naughty Ballerina - Music, Cele…“. archive.ph. 2013-01-29. Архивирано од изворникот на 2010-04-26. Посетено на 2024-11-16.
  22. „Vanessa Carlton Interview“. FindArticles. December 2004. Архивирано од изворникот на October 14, 2007. Посетено на April 5, 2021.
  23. Cinquemani, Sal (2007-10-04). „Interview: Vanessa Carlton Talks Heroes & Thieves“. Slant Magazine (англиски). Посетено на 2024-11-16.
  24. "Heroes & Thieves by Vanessa Carlton" Архивирано на 4 август 2009 г.. Metacritic.
  25. „vanessa carlton signs razor tie | Razor & Tie“. Razorandtie.com. Архивирано од изворникот на March 23, 2012. Посетено на March 28, 2012.
  26. Cinquemani, Sal (2011-07-04). „Review: Vanessa Carlton, Rabbits on the Run“. Slant Magazine (англиски). Посетено на 2023-03-29.
  27. Vanessa Carlton - Rabbits on the Run Album Reviews, Songs & More | AllMusic (англиски), Посетено на 2023-03-29
  28. „Album review: Vanessa Carlton's 'Rabbits on the Run'. Los Angeles Times (англиски). 2011-07-26. Посетено на 2023-03-29.
  29. „Vanessa Carlton: Young Heart EP“. NoiseTrade. Архивирано од изворникот на 2021-10-22. Посетено на May 7, 2015.
  30. Kaplan, Ilana (November 29, 2017). „Shocking Omissions: Vanessa Carlton's 'Liberman'. NPR. Посетено на March 29, 2023.
  31. „Vanessa Carlton: Liberman“. Pitchfork (англиски). Посетено на 2023-03-29.
  32. McPhee, Ryan (June 27, 2019). „Grammy Nominee Vanessa Carlton Makes Broadway Debut in Beautiful June 27“. Playbill. Посетено на March 29, 2023.
  33. June 18, Marcus Jones; EDT, 2019 at 07:48 PM. „Watch Vanessa Carlton perform 'It's Too Late' ahead of Broadway debut playing Carole King“. EW.com (англиски). Посетено на 2023-03-29.
  34. „Vanessa Carlton channels Carole King on Broadway“. The Seattle Times (англиски). 2019-08-08. Посетено на 2023-03-29.
  35. „Vanessa Carlton On Releasing Her New Album, 'Love Is An Art,' During The Pandemic And How Music Gets Her Through The Quiet Times“. Forbes. 7 April 2020. Архивирано од изворникот на 2021-10-22. Посетено на 1 February 2021.
  36. Gentile, Dan (May 3, 2023). „Video of puppet singing Vanessa Carlton in San Francisco goes viral“. SFGATE (англиски). Архивирано од изворникот на October 16, 2023. Посетено на March 21, 2024.
  37. Bendix, Trish (June 19, 2010). „Vanessa Carlton comes out as bisexual“. Afterellen. AfterEllen.com. Архивирано од изворникот на 2021-10-22. Посетено на March 28, 2015.
  38. „Vanessa Carlton: I'm Bisexual And Proud“. Huffington Post. June 20, 2010. Архивирано од изворникот на 2021-10-22. Посетено на January 2, 2014.
  39. Hughes, Hilary (July 29, 2013). „Deer Tick John McCauley Interview“. esquire.com. Архивирано од изворникот на 2021-10-22. Посетено на December 29, 2013.
  40. „First four November tour dates cancelled!“. facebook.com. November 5, 2013. Архивирано од изворникот на 2021-10-22. Посетено на December 29, 2013.
  41. Ehrich Dowd, Kathy (December 28, 2013). „Vanessa Carlton Marries John McCauley – and Stevie Nicks Officiates“. people.com. Архивирано од изворникот на 2021-10-22.
  42. Празен навод (help)
  43. Vulpo, Mike (January 13, 2015). „Vanessa Carlton Gives Birth! Singer's Husband Shares Baby Photo Straight From the Delivery Room!“. E!. United States: eonline.com. NBCUniversal. Архивирано од изворникот на 2021-10-22. Посетено на January 13, 2015.
  44. „CITY OF WARWICK POSTED 8/30/21 : ZONING BOARD OF REVIEW“ (PDF). Warwickri.gov. Посетено на August 17, 2024.

Надворешни врски

уреди