Вампирот Носферату (филм од 1979)

Носферату: Фантомот на ноќта (германски: Nosferatu: Phantom der Nacht), познат и како Вампирот Носферату (англиски: Nosferatu the Vampyre) - германско-француски филм од 1979 година, во режија на Вернер Херцог. Во главните улоги настапуваат: Клаус Кински, Бруно Ганц и Изабел Аџани. Филмот ја освоил наградата „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал. Вкупно, на разни фестивали, филмот освоил 5 награди и имал уште 8 други номинации.[1]

Либек Salzspeicher како нов имот на Дракула во Висборг

Синопсис

уреди

Џонатан Харкер (го игра Ганц), вработен во агенција за недвижности, добива задача да замине во Трансилванија за да склучи договор со грофот Дракула (го игра Кински). Неговата сопруга Луси (ја игра Аџани) не му дозволува да замине, зашто претчувствува некако зло. Џонатан пристигнува во пустиот замок, каде се соочува со чудниот домаќин кој е буден само ноќе. Таму, Дракула му ја пие крвта, а за тоа време, Луси е неспокојна и загрижена за судбината на својот сопруг. Кога Дракула поаѓа на пат за да се всели во својата куќа во Висмар, Џонатан веднаш брза да се врати дома за да ги предупреди сограѓаните за опасноста. Дракула патува со брод, скриен во ковчег, а патем, сите морнари се убиени или мистериозно исчезнуваат. Најпосле, празниот брод пристигнува во Висмар, а од него излегуваа само стаорци кои го преплавуваат градот. Тогаш, Џонатан се враќа дома, целосно исцрпен и неспособен да ја препознае сопругата, зашто веќе е опседнат од моќта на вампирот. Постепено, жителите на градот почнуваат да умираат, а надлежните се сомневаат дека станува збор за чума. По средбата со Дракула, Луси се обидува да ги предупреди надлежните, но никој не верува во нејзината приказна. Откако вампирот ја убива нејзината пријателка Мина, Луси одлучува да се жртвува и така да го спаси градот. Таа му дозволува на вампирот да ѝ ја исцица крвта, но тој не забележува дека во меѓувреме изгреало сонцето и така умира заедно со Луси. Дури откако ќе ја види таа глетка, д-р ван Хелсинг поверува во приказната на Луси и забива кол во срцето на вампирот поради што е уапсен. На крајот од филмот, Џонатан, веќе претворен во вампир, набрзина заминува на далечен пат.[2]

Наводи

уреди