Валија (крал)
Валија или Вала или Валиј[1] (ок. 385 - 418) ― визиготски крал од 415-418, заработувајќи углед како голем воин и претпазлив владетел. Тој бил избран за престол откако Атаулф, а потоа и Сигерих биле убиени во 415 година.
Валија | |
---|---|
Визиготски крал | |
На престол | 415–418 |
Претходник | Сигерих |
Наследник | Теодорих I |
Починал(а) | 418 |
Татко | Можно Атанарих I |
Мајка | Рокестес |
На почетокот, Валија склучил мир со императорот Хонориј и прифатил договор со Римската Империја. Тој исто така му ја вратил сестрата на Хонориј, Гала Плакидија. Како придобивки од овие аранжмани, на Валија му била доделена Аквитанија во 417 година, како регион каде што ќе бидат сместени Визиготите како службени сојузници или федерати. Тој го основал својот двор во Тулуз, кој станал визиготски главен град во остатокот од V век.
Во 418 година тој го почестил сојузот со инвазија во Хиспанија, каде што неговата војска ги уништила Силиншките Вандали и така го намалил бројот на Аланите што живееле таму, што преживеаните се ставиле под власта на Гундерик, кралот на Асдиншките Вандали.
Некои историски извори велат дека тој бил во врска со Аларик само со брак. Него го наследил вонбрачниот син или зет на Аларик, Теодорих. Ќерката на Валија се омажила за Рехила, кралот на Свевите и била мајка на Рикимер и свекрва на Гундовех, кралот на Бургундите.
Валија понекогаш се претпоставува дека бил историски модел за легендарниот лик Валтер Аквитански.
Наводи
уреди- ↑ Аџиевски, Коста; Петровски, Бобан (март 2009). „Кралството на Визиготите (418-718)“. Историја на Европа во раниот среден век. Филозофски факултет - Скопје. стр. 30. ISBN 9786084508151.
Надворешни врски
уреди- Едвард Гибон, History of the Decline and Fall of the Roman Empire, поглавје 31 Архивирано на 14 септември 2004 г.
Валија (крал) Починал(а): 418
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Сигерих |
Визиготски крал 415–418 |
Наследник Теодорих I |