Буден

град во Шведска

Буден — град и седиште на општина Буден во округот Норботен, Шведска со 16.847 жители во 2018 година. Тој е дел од поголемата област околу крајбрежниот град Лулео околу 36 километри на југоисток.[1] По Кируна, тој е вториот по големина град во внатрешноста на Северна Шведска.

Тврдината Радберг, дел од тврдината Буден
Тврдината Радберг, дел од Буденската тврдина

Историја

уреди

Градот Буден започнал како железничка раскрсница каде Северната линија (отворена 1894 година) се спојувала со Рударската линија од богатите полиња со железна руда во северна Шведска.

Градот доживеал зголемен раст на жители кога била изградена Буденската тврдина во почетокот на 20 век. Целта на тврдината било да ја одбрани Шведска од можен напад од исток, каде што Русија се сметала за најопасна закана.

Првите официјални списи за Буден, биле во даночен документ од 1500 г., каде што се споменува „селото Буден“ со 7 куќи. Буден ја добил титулата град во 1919 година. Буден сега е седиште на општина Буден.

Индустрија

уреди

Во 2007 година Буден сè уште е воено упориште и го сместува најголемиот гарнизон на шведската армија.

Армијата и општината се двата најголеми работодавачи во Буден. Бидејќи војската постојано се разоружувала, со петте полкови обединети во еден гарнизон, населението се намалило за 2.000 жители во текот на изминатите десет години.

Познати личности од Буден

уреди

Меѓународни односи

уреди

Градови близнаци и збратимени градови

уреди

Буден е збратимен со:

Спортски клубови

уреди

Следниве спортски клубови се сместени во Буден:

  • Буденс БК
  • Хеденс ИФ
  • Скогса ИФ
  • Витјервс ИФ
  • Буденс ХФ
  • Буден Хендбол ИФ

Наводи

уреди
  1. „Avstånd från Boden“ (шведски). Avståndstabell.se. Архивирано од изворникот на 14 January 2016. Посетено на 18 January 2016.
  2. „Altas vennskapsbyer“ (норвешки). Alta municipality. Архивирано од изворникот на 2016-09-02. Посетено на 26 April 2012.