Бугарска народна македонско-одринска револуционерна организација

Бугарската народна македонско-одринска револуционерна организација (БНМОРО) била револуционерна организација, основана на 4 мај 1910 година од група дејци на Солунскиот, Струмичкиот и Серскиот револуционерен округ, без соработниците на Јане Сандански, чија задача била да добие автономија за Македонија и Одринско како етапа за духовно и политичко обединување со Бугариjа. Во февруари 1911 година БНМОРО се обединила со ВМОРО на Тодор Александров. Според Ванчо Ѓорѓиев, БНМОРО е производ на бугарските институции за нивните политички цели во Македонија.[1] Оваа констатација ја потврдува и бугарскиот конзул во Солун - Атанас Шопов. Според него во испраќањето на четите на БНМОРО во Македонија биле замешани лица од министерството во Софија.[2]

статутот на БНМОРО.

Историја

уреди

По зајакнувањето на младотурскиот режим во втората половина на 1909 година и распуштањето на националните организации со новиот Закон за здруженијата, многу од поранешните револуционерни дејци повторно се ориентирале кон нелегална активност. Во крајот на декември 1909 година Христо Чернопеев заедно со поранешниот деец на ВМОК Михаил Думбалаков, Константин Самарџиев и Кочо Хаџиманов преминуваат во илегала и го обиколуваат Струмичко за обновување на револуционерната мрежа. Пратена била порака до револуционерните комитети, која гласела:

ВМРО беше е измамена во своите надежи од Младотурците, сега обновува кадрите и почнува повторно борбата против тиранијата. Сите борци се на своето место. Секое двоумење и неверство ќе се казнува со смрт. Зад нас стои Бугарија со нејзината моќна армија.[3]


Струмичките дејци спровеле и неколку терористички акции.[4] Во пролетта на 1910 година дејци од Струмичко, Солунско и Серско заедно со дејци на ВМОК се сретнале во Софија и во циркулари до раководството на македонските организации прогласиле дека единствено оправдана и резултатна била револуционерната борба, предводена отворено во името на бугарската национална кауза, а Хуриетот бил прогласен за итар тактички потег кој успеал да го заблуди раководителите на ВМОРО. Во циркуларното Ќустендилски конгрес, избраните од него водачи и Задграничното претставнишство (Христо Матов, Апостол Димитров и Христо Татарчев) се прогласени за нелегитимни и се велело дека Внатрешната организација престанала да постои.

 
Правилник на БНМОРО.

На 4 мај 1910 година во Софија бил свикана основачко собрание, кое ги поставило основите на БНМОРО. Резолуцијата на собранието била потпишана од Антон Бозуков, Димитар Думбалаков, Михаил Чаков, Стефан Чавдаров, Георги Мучитанов, Христо Чернопеев и Апостол Петков. Одлуката била за:

формирање на нова народна м.о. револуционерна организација на национална почва со задача да освои автономијата на Македонија и Одринско како етапа за духовното и политичко обединување со Бугариjа.[5] 5


Одлуката на собранието тврдела дека:

при создавањето на ВМОРО борбата била поставена на интернационална и сепаратистична почва [6]


Оттука се вади извод, бидејќи Организацијата била поставена врз погрешна основа:

таа си задала и погрешна цел, поставувајќи ја политичката формула Македонија на Македонците за цел, а не средство [7]


Што според собранието било неприфатливо и тоа осудило обидите за интернационализирање на бугарската револуционерна организација. Донесени биле статут и организациски правилник и бил избран Привремениот главен комитет на чело со поранешниот внатрешен деец Христо Чернопеев и поранешниот врховист Антон Бозуков. Во Комитетот влегувале уште Тане Николов, Апостол Петков, Георги Занков и Димитар Љапов.

На 1 август 1910 година во весникот „Камбана“ БНМОРО објавило „летоци на сите истомисленици на македонско-одринската ослободителна кауза“, во кој се велело дека вооружената интервенција на Бугарија е гаранција за успехот на македонско-одринското ослободително движење, бидејќи:

не може да има два идеала - државен и национален


БНМОРО се обидала да се изгради како единствена бугарска револуционерна структура и во Османлиското Царство и во Бугарија и така влегла во конфликт со ВМОРО околу Христо Матов, која благодарение на активностите на Тодор Александров се издигнала во Скопски револуционерен округ. Во мај Чернопеев, Бозуков, Занков, Петков и Николов се среќнале со Матов во Варна. Во преговорите со посредство на Христо Попкоцев и Христо Цветков двете страни констатирале дека немаат принципиелни разлики за целта, средствата и задачите, но не успеваат да се договорат за легитимноста на структурите, како Матов отфрлил предлогот за заедничка комисија. Дејците на БНМОРО Чернопеев и Занков се сретнале и со водачот на третата фракција во ослободителното движење - Јане Сандански, но тој се изолирал и одбил соработка.

БНМОРО започнала изградба на локалните структури, како Главниот комитет наредил да се започне со изборите на службени лица. На крајот на јуни војводите на БНМОРО почнале да навлегуваат во своите области. На 29 јуни границата ја поминале Апостол Петков, Тане Николов и Продан Христов, следени по неколку дена од Чернопеев, Чавдаров, Занков, Чаков и Михаил Скендеров.

Дејците на БНМОРО слично и на Христо Матов сметале дека улогата на четнички тактика треба да се намали, а востанието како средство за постигнување на целите отпаѓа на сметка на терористичките методи кои можеле да провоцираат интервенцијата на Бугарија и големите сили за решавање на македонското прашање. При тоа едномислие во почетокот на 1911 година Главниот комитет на БНМОРО повторно се обртил на Скопските и Битолските дејци и ги повикал да испратат делегати на претстојниот конгрес на организацијата. Како одговор Петар Чаулев, Павел Христов, Христо Матов и Христо Цветков ги нарекуваат членовите на БНМОРО одметници и одбиле да учествуваат во конгресот, но нудиле заедничка средба за повторно обединување. Средбата биле одржана во февруари и биле избрана комисија да усогласи принципите на вкупната активност, во состав Христов и Александров за ВМОРО, Чернопеев и Бозуков за БНМОРО. На 26 февруари комисијата одлучила за обединување во една организација како врз основа на програмските документи на ВМОРО и БНМОРО одредени основните принципи: во организацијата се прифаќаат само Бугари националисти, дејците надвор од Отоманското Царство се само помошни членови, ЦК и ЗП се избираат со писмено разбирање помеѓу окрузите. Така БНМОРО отстапила во корист на зачувување на утврдените структури кое се рефлектирало и во новиот Централен комитет - Александров, Чаулев, Чернопеев со резервен член потполковник Александар Протогеров.[8]

Белешки

уреди
  1. Апостол Петков - Кралот на Блатото, Државен Архив на Република Македонија-Македоника Литера - Скопје, 2013, 258
  2. Атанас Шопов, Дневник, дипломатически рапорти и писма, София, 1995, 24.
  3. Думбалаковъ, Михаилъ. Преку пламъцит ѣ на животот и револуцијата, томъ II, Софија, 1937, стр 66.
  4. Думбалаковъ, Михаилъ. Преку пламъцит ѣ на животот и револуцијата, томъ II, Софија, 1937, стр 94.
  5. Вьтрешната македоно-одринска револуционна организация... Документи на централните рьководни органи, т. I, част 2, 98
  6. Вьтрешната македоно-одринска револуционна организация... Документи на централните рьководни органи, т. I, част 2, 983-984
  7. Вьтрешната македоно-одринска револуционна организация... Документи на централните рьководни органи, т. I, част 2, 984
  8. Прванов Г. Обновување на вооружената борба и реконструкцијата на ВМОРО, во: народно-ослободителното движење на македонските и тракиските бугари (1878 - 1944). Том 3, ослободително движење по Илинденско-Преображенското востание 1903 - 1919, МНИ, Софија, 1997, стр 249 - 262.