Апостол Грежов
Апостол Грежов — македонски револуционер.
Апостол Грежов | ||
Роден | 1861 Д’мбени, Костурско, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 15 февруари 1935 Софија, Бугарија |
Апостол Грежов е роден во село Д’мбени, Костурско. Тој бил припадник на македонското револуционерно движење, војвода и раководител на Македонската револуционерна организација. Бил учител по професија и еден од првите агитатори на МРО во Костурско. Како војвода на чета на МРО учествувал во Илинденското востание. На Ќустендилскиот конгрес на МРО од 1908 г. бил избран за член на Задграничното претставништво на Централниот комитет. Починал во Софија на 15 февруари 1935 година.[1].
Наводи
уреди- ↑ Литовски, Александар; Јубилеен календар за егејскиот дел на Македонија во 2011 година, Битола, 2011, стр. 5.