Бранко Прља
Бранко Прља, познат и под псевдонимите Берт Стајн и Исак Сима (Branko Prlja; 13 август 1977) — македонски писател, новинар и графички дизајнер, основач на првиот литературен електронски конкурс во Македонија „Електролит“ [1] и основач на креативниот колектив „Капка“ [2], на порталот „Арно.мк“ (заедно со Владимир Карер),[3] како и на првиот агрегатор на вести од науката во Македонија „Science.mk“.[4] Во македонската книжевност има воведено неколку жанрови, како: измислени вести, образовна проза и дистопија. Пишува и под псевдонимот Берт Стајн и се занимава со графички дизајн. Активно работи на полето на реупотреба и екологија на друштвените медиуми со групите како Дај, не фрлај[5] и „Кеса, не благодарам. Торба си носам“[6].
Животопис
уредиБранко Прља е роден во Сараево во 1977 година, а од 1990 година живее и работи во Скопје. Завршил во гимназијата „Јосип Броз Тито,“ во Скопје и дипломирал на факултетот за „Арт и дизајн“ на ЕУРМ, отсек Графички дизајн во Скопје. Неговата прва книга „За секого по нешто, за некого ништо“ [7] беше објавена во 2003, а оттогаш активно објавува во различни прозни жанрови.
Во 2005 година го основал креативниот колектив КАПКА (Креативен активизам преку пародија, критика и алегорија) и се здружува со повеќе уметници, како Владимир Лукаш, Олгица Димитровска, Владимир Димчев, Никола Пчински, Александра Кардалевска, Нада Прља и други. Заедно имаат организирано изложби, работилници и перформанси [8], а под името Капка, Бранко има издадено повеќе изданија, како на пример неговите весници со измислени вести „Вести во земјата на чудата“ [9].
Во 2006 година го создал првиот електронски конкурс за литература во Македонија, кој под покровителство на Темплум и Никола Гелевски конкурсот се одвивал две години, при што расказите на наградените автори биле собрани во две годишни книги. На овој конкурс се јавиле повеќе автори кои подоцна во следните десетина години се афирмирале на македонската книжевна сцена и освоиле повеќе награди.[10]
Како графички дизајнер има искуство од 2003 година, при што дизајнирла повеќе стотици книги, а има работено за повеќе издавачки куќи, адвертајзинг агенции, како и самостојно.
Двапати бил финалист за наградата „Роман на годината“, на Утрински весник: за 2015 година со делото „3 минути и 53 секунди“ објавено под псевдонимот Берт Стајн [11] и на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2017 со делото „Апокалипса.мк“ [12].
Творештво
уредиБранко Прља е автор на повеќе од 30 дела во различни жанрови, а покрај вистинското име, ги користи и псевдонимите Берт Стајн и Исак Сима.[13] Делата ги дели во повеќе циклуси, а најчесто станува збор за трилогии заокружени со една збирка или со дополнително четврто дело. Извадоци од делата може да се прочитаат на мрежното место Капка [14] и на порталот и Арно.мк[15].
Многу куси раскази
уреди- За секого по нешто, за некого ништо (2003)
- Приказни обични за луѓе необични (2012)
- Чадор без рака да го држи (2013)
- Како да држиш чадор без рака (2016)
Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[16]
Образовна проза
уреди- Досие: Планета Икс (2009)
- Досие: Ѕвезда Немезис (2011)
- Досие: Универз Ум (2012)
- Атом и Ева (2012)
- Азбука за нефизичари (2013)
Измислени вести
уреди- Вести во земјата на чудата (2005)
- Парите се отепувачка (2006)
- Вести од подрумот на баба ми (2007)
- Вест од Несвест (2010)
Соработка со Нина Прља
уреди- Азбука на игранка (2014)
- Букви, во збор! (2015)
- Коњи, или прирачник за тоа како да станеш вистинска каубојка (2015)
- Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин (2021)
Под псевдоним Берт Стајн
уреди- 3 минути и 53 секунди (2015, како Берт Стајн)
- 1 час и 30 минути (2016, Берт Стајн)
- „Од кој филм беше?“ – 150 сцени од познати филмови (2021)
Фактопедии
уреди- Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн (2017)
- Необични факти од животот на Никола Тесла (2017)
- Јаболкото на Њутн (2018)
- Made In China (2019)
- Неверојатниот живот на Стивен Хокинг (2019)
- 25 факти за аерозагадувањето и начини како можеш да го намалиш (2020)
Дистописки романи
уреди- Апокалипса.мк (2017)
- Реплика.мк (2018)
- Воскресение.мк (2019)
Наводи
уреди- ↑ https://www.kapka.arno.mk/Elektrolit/index.htm
- ↑ https://okno.mk/node/15899
- ↑ https://arno.mk
- ↑ „НАУКА МК -Агрегатор за вести од науката и технологијата“. science.mk (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-12-23. Посетено на 2021-12-23.
- ↑ https://www.facebook.com/groups/dajnefrlaj/
- ↑ „Кеса не, благодарам. Торба си носам!“. www.facebook.com. Посетено на 2021-12-23.
- ↑ https://okno.mk/node/2645
- ↑ https://okno.mk/node/15907
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-07-26. Посетено на 2018-12-07.
- ↑ https://okno.mk/node/75264
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-19. Посетено на 2018-12-07.
- ↑ https://www.crnobelo.com/novosti/knigi/57220-parmakovska-stanojoski-prlja-vo-posledniot-krug-od-izbor-za-roman-na-godina-za-2017
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 363.
- ↑ https://www.kapka.arno.mk/MK/books/branko-prlja/
- ↑ Прља, Бранко (2021-09-01). „Нова бесплатна книгичка од Арно.мк за почеток на новата учебна година!“. Арно.мк. Посетено на 2021-12-23.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 241-244.