Никола Гелевски, познат и под псевдонимот Пандалф Вулкански (1964, Скопје) — македонски уредник, писател, поет, преведувач и колумнист.

Никола Гелевски - културен центар Точка (2003 - 2009)

Гелевски е директор и главен уредник на книгоиздателството Темплум (од 1990, од првите самиздатски изданија), со над 500 објавени изданија (од 1993) во десетина едиции: Магма (околу 140 книги), Лифт (17), 20/21 Век (околу 40), Катапулт (околу 30), Градот (околу 30), Во 5 кај вртелешките! (околу 20), Старо купувам (6), Триста ветрила! (15), Квир сквер (7), Модерна Македонија (6), Друга приказна (околу 20), итн.

- главен уредник на списанието за култура Маргина (94 објавени броеви од 1994-);

- главен уредник на списанието за стрип Лифт (12 објавени броеви од 1995 до 2000);

- основач на наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис Новите! (2006-);

- основач на наградата за стрип Лифт (2018-);

- основач и главен уредник на порталот Окно (2009-);

- основач и главен уредник на Новогодишниот Темплум фестивал (2010-);

- основач и главен уредник на регионалниот книжевен фестивал Друга приказна (2016-)

Творештво уреди

Гелевски е автор на следниве објавени книги (прозните и поетските книги под псевдонимот Пандалф Вулкански):

Призрак против Сенка (постмодернизам за деца; проза, 1993);

Светулки и мракови (прилог за една критика на медиумите; 2002);

Контрапункт (принципи за една поинаква политика, 2004);

Архитортура и гробализација (текстови за градот, 2010);

Никола Груевски - 250 хаику (2011);

Скопски приказни од 2014 (кратки прози, 2011);

Фасадата ги јаде темелите (кратки есеи, 2012);

Текстилна поема (сликовница, со Ѓорѓе Јовановиќ, 2018);

Девет преобразби во чудната шума (песни, 2021);

Џинџуџе во земјата на афионите (Темплум, 2022) во која се објавени три негови кратки раскази Под псевдонимот Пандалф Вулкански).[1]

Панда во дрон (стрип-сликовница, со Ристо Аврамовски, 2022);

Пргавиот зајак (сликовница, со Будимка Поповска, 2023).

Колумнист уреди

Во периодот од 2009 година, па навака, Никола Гелевски работи и како колумнист во следните медиуми: „Форум" (1999-2001), „Утрински весник" (2001-2009), „Глобус" (2009-2011) и „Окно“ (2009-).

Антологии уреди

Преводи уреди

Гелевски ги има преведено следниве дела:

Граѓански активности уреди

Еден од основачите на здружението Контрапункт (1999), на културниот центар Точка (2003-2009), на групата ГЕМ (Граѓани за европска Македонија, 2008), на групата Плоштад Слобода (2010), на здружението Јадро (2012)... Член на УО на ФООМ (2002-2006).

Реализирани проекти уреди

Лабрис (стрип на околу 900 страници, заедно со Александар Станковски, 1992-1996; околу 400 страници се објавени во 12 броеви на списанието Лифт, 1995-2000);

Сурогати (450 картички во чест на Марко Цепенков; заедно со 25 уметници, 2006);

Ширење на маргините (со здружението Контрапункт, 2002-2005);

Слевање на маргините (со здружението Контрапункт, 2006-2009; главна цел на двата проекта: „промоција и ширење на принципите на децентрализација, демократизација и демонополизација /3Д/ на полето на културата и културната политика")

Награди уреди

Добитник на наградата „Борјан Таневски" за 2007 (за „најпроминентен колумнист на годината")

Наводи уреди

  1. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 155-159 и 360.